• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо11:22 10 јануари 2018 ● Прочитано 10218

По тешко боледување во Сплит почина Предраг Луциќ, коосновач на „Ферал Трибјун“, реномиран новинар, писател, хуморист и режисер, познат во целиот балкански регион, јавува N1.

Предраг Луциќ е роден во 1964 во Сплит. Тој е еден од основачите и креаторите на веќе легендарниот неделник „Ферал Трибјун“, а го започна и уредувањето на Фераловата библиотека.

Од летото 2009 во риечкиот весник „Нови лист“ тој пишуваше дневна колумна под наслов „Трафика“.

Луциќ ја објави книгата „Greatest Shits - Antologijа suvremene hrvatske gluposti“ во коавторство со Борис Дежуловиќ во 1998, песнарката „Хаику хаику ебем ти маику“ во 2003, книгата „Љубовниците од Верона“ во 2007, читанките „Сун Цу на прозорчето“, 2009 , „Безгаќна историска реалност“ во 2010 и „Гусли во магла“во 2013.

Од 2007 заедно со Борис Дежуловиќ настапуваше во поетското кабаре „Мелодии на Блесокот и Бурата“.

Наградата „Јудита“ на Сплитското лето, за уметничките достигнувања во драмската и музичка програма, ја доби во 2017 за драмата „Азиз“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Конференција на министрите за култура во Давос: За култура во срцето на урбаното планирање

Во фокусот се заклучоците за Декларацијата која го промовира концептот на култура на изградба Баукултур (Baukultur).

Балет за деца „Снежана и седумте џуџиња“ во МОБ

Во последните два дена од месецов, како и на 2 февруари, ќе биде изведен балетот „Оревокршачка“ од Чајковски.

Последниот дел од трилогијата „Лавиринт“ во кината низ Македонија

Според режисерот Бол, ова е најголем филм кој го имаат досега направено и воедно најкомплицираниот.

„Писателот оддалеку“ на Владан Матијевиќ преведен на македонски

Владан Матијевиќ (1962) е меѓу најнаградуваните современи српски писатели – добитник е на највисоките книжевни награди во Србија.

НАЈЧИТАНИ