• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо17:02 09 јануари 2018 ● Прочитано 12027

Инсинераторот за горење медицински отпад во депонијата „Дрисла“, кој пред 16 години како хуманитарна помош ѝ бил доделен на Македонија од британската Влада и кој не е по стандардите на ЕУ, сè уште работи во скопската депонија, потврдуваат од Град Скопје и од Министерството за животна средина.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат оти се свесни дека инсинераторот не ги исполнува стандардите. Тие најавуваат дека ќе постават нов, но не знаат кога, Град Скопје, пак, ја чека одлуката на Уставниот суд околу стопанисувањето со „Дрисла“ за потоа да се посвети на набавка на нов инсинератор, согласно еколошките стандарди.

Денеска повторно беше актуелен текст на британскиот весник „Гардијан“ објавен во 2001 година со наслов „Велика Британија со токсичен подарок за Балканот“. Во текстот е наведено дека инсинераторот кој ѝ бил доделен на Македонија бил нелегален во Британија, а ако Македонија се приклучи во ЕУ, инсинераторот ќе мора да се отстрани бидејќи претставува опасност за жителите и ги прекршува стандардите на ЕУ. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Исклучените од парно ќе дискутираат за калориметрите

Протестот е 150 по ред и се одржува пред Регулаторната комисија за енергетика.

Даниел Дончевски по петти пат го фати крстот во Скопје

На денешната манифестација во осветените води на Вардар по крстот скокнаа околу 150 верници.

Last Minute Sale со попусти до 70 отсто

Девојки го привлекуваа вниманието на возачите и минувачите со табли кои повикуваа на зимски шопинг во Скопје сити мол.

Загадувањето ја запре обновата на Партизанска

Улицата изгледа лошо и нерамно, по должина на коловозот се познаваат три ленти како што е нанесуван асфалтот.

За Водици со изменет сообраќаен режим

Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре.

НАЈЧИТАНИ