• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо11:33 09 јануари 2018 ● Прочитано 8494

Издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Холандскиот литературен фонд го објави романот „Скршнување“ од холандскиот писател Гербранд Бакер. Романот е инспириран од поезијата на Емили Дикинсон. Англискиот превод во 2013 година освоил Награда за независна странска книжевна фикција. Преводот на македонски е на Елизабета Божиноска.

„Скршнување“ е приказна за потрагата по себе и за природата на болката. Романот на Бакер освојува со својата заводлива атмосфера на осаменост и закана и со приказната полна со искрено сочувство и со ретка убавина. Кристалната прецизност и привидната едноставност на ова дело од еден од најзначајните европски писатели на својата генерација кријат гејзир од силни емоции“, соопшти „Антолог“.

Гербранд Бакер (1962) е холандски писател. Студирал холандски јазик и литература. Работел како титлувач на природонаучни филмови пред да стане градинар. Неговите рани дела биле книги за деца и млади. За својот прв роман за возрасни ја добил наградата за најпродавано книжевно деби.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Конференција на министрите за култура во Давос: За култура во срцето на урбаното планирање

Во фокусот се заклучоците за Декларацијата која го промовира концептот на култура на изградба Баукултур (Baukultur).

Балет за деца „Снежана и седумте џуџиња“ во МОБ

Во последните два дена од месецов, како и на 2 февруари, ќе биде изведен балетот „Оревокршачка“ од Чајковски.

Последниот дел од трилогијата „Лавиринт“ во кината низ Македонија

Според режисерот Бол, ова е најголем филм кој го имаат досега направено и воедно најкомплицираниот.

„Писателот оддалеку“ на Владан Матијевиќ преведен на македонски

Владан Матијевиќ (1962) е меѓу најнаградуваните современи српски писатели – добитник е на највисоките книжевни награди во Србија.

НАЈЧИТАНИ