• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
МИА10:02 09 јануари 2018 ● Прочитано 8764

Турски театар-Скопје за четврток најави премиера на претставата „Среќна Нова година“ по мотиви на Даниил Хармс и Дејвид Ајвс во режија на Бојан Трифуновски.

„Уметник кој истражува зошто светот сака да се самоуништува, создава ментален простор во кој слободно размислува и твори. Таа негова ментална соба има пијано и во неа тој комуницира со своите предци и наследници, обидувајќи се да одгатне што не тера да работиме против себе. Во неговиот замислен свет, во константна состојба на 5 до 12, пред нова година, десет масони преку јазикот на Хармс и на Ајвс создаваат атмосфера за интроспекција и самосоочување...“, соопшти Турскиот театар.

Улогите ги толкуваат: Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Зубејде Али, Емине Халил, Селпин Керим, Џенап Самет, Неат Али, Аксел Мехмет, Един Јакуповиќ и Берхеда Решит.

Режисерот Трифуновски е и драматург на претставата. Сценографија е на Љупчо Јованов, костимографи се Елена Вангеловска и Антонија Гугинска-Јордановска, музиката е на Ади Имери, кореографијата на Александра Кочовска-Начева. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Конференција на министрите за култура во Давос: За култура во срцето на урбаното планирање

Во фокусот се заклучоците за Декларацијата која го промовира концептот на култура на изградба Баукултур (Baukultur).

Балет за деца „Снежана и седумте џуџиња“ во МОБ

Во последните два дена од месецов, како и на 2 февруари, ќе биде изведен балетот „Оревокршачка“ од Чајковски.

Последниот дел од трилогијата „Лавиринт“ во кината низ Македонија

Според режисерот Бол, ова е најголем филм кој го имаат досега направено и воедно најкомплицираниот.

„Писателот оддалеку“ на Владан Матијевиќ преведен на македонски

Владан Матијевиќ (1962) е меѓу најнаградуваните современи српски писатели – добитник е на највисоките книжевни награди во Србија.

НАЈЧИТАНИ