• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо18:03 08 јануари 2018 ● Прочитано 9023

Икони од православните цркви низ цела Турција се донесени во црквата Аја Софија заради реставрација, за потоа да бидат изложени во новиот музеј на христијанското наследство на државата, пишува Филип Хрисопулос за Грик рипорт.

Според пишувањето на „Дејли Сабах“, христијанските икони од различни византиски цркви низ цела Турција се собираат во лабораторија во османлиската палата Топкапи во Истанбул, која е во непосредна близина на Аја Софија. Во лабораторијата, стручни лица работат на обновување на иконите.

Досега се собрани вкупно 452 икони, од кои 45 се веќе целосно обновени. Некои од нив се постари од 300 години, а експертите работат предано за да им ја вратат нивната некогашна слава. Повеќето од нив припаѓаат на 17-тиот и 18-тиот век.

Откако иконите ќе бидат обновени, тие ќе бидат изложени во посебен музеј. Одредени икони се сметаат за клучни за зачувување на христијанското наследство на Турција.

Директорот на лабораторијата, Али Осман Авсар, изјави за Агенцијата Анадолу дека некои од иконите биле многу запуштени кога ги донеле во нивната лабораторија.

- Нашите експерти ги анализираа нивните бои и дрвото на кое беа насликани пред да се почне со конзерваторската работа. Тие употребија дезинсекција за да ги исчистат од штетните инсекти и бактерии - рече тој.

Иконите се чуваа во Музејот на Света Софија, но Авсар рече дека планираат да формираат нов музеј за нив, поради ограничениот простор во историската црква.

Професорката Сема Доган од универзитетот Хаџетепе, еден од експертите кои работат на проектот за конзервација и реставрација, рече дека се обидуваат да ги сочуваат иконите во нивната првобитна состојба со „правилна апликација“ и дека турските експерти разменуват информации со италијански експерти за реставрација.

 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Над 677 илјади корисници на Твитер во САД следеле лажни руски сметки (ГАЛЕРИЈА)

Гигантот на социјалните медиуми откри дека ИРА преку своите 3.814 сметки објавила „175.993 твитови, од кои приближно 8.4% се поврзани со изборите“.

Путин ги споредува Ленин и комунизмот со христијанството

Рускиот претседател Владимир Путин го спореди Владимир Ленин со светец и изјави дека советските комунистички идеи доаѓаат од Библијата.

ПРОФИЛ Оливер Ивановиќ: Тврдиот орев брутално скршен

Ивановиќ беше неомилен лик кај актуелните власти во Белград, а против него со месеци провладините медиуми водеа црна кампања

Што мисли светот за политичката позадина на убиството на Оливер Ивановиќ

Убиството на Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица е еден од оние настани кој секој мир може да го претворат во војна и секоја војна во мир.

Новата чешка Влада не доби доверба

По минатонеделното одложување на гласањето, синоќа Бабиш ги доби гласовите само на своето движење АНО, додека останатите присутни беа против.

НАЈЧИТАНИ