• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Анета Стојковска12:02 09 јануари 2018 ● Прочитано 10173

Многуте најави и ветувања дадени на стартот на владеењето на актуелната Влада, но и на градоначалникот Петре Шилегов поврзани со градбите и спомениците од проектот „Скопје 2014“ се сведоа на нивна ревизија и на запирање на понатамошната изградба. Работите стојат со месеци на оваа точка и нема навестување за помрднување.

Првиот човек на градот, Петре Шилегов уште пред два месеци ја запре изградбата на 95 фасади, кои требаше да добијат нов барокен лик, за што требаше да се потрошат 90 милиони денари. Меѓу нив се зградата на „Пелагонија“ и на ТЦ „Палома Бјанка“, каде што веќе се одвиваа градежни работи.

- Раката да ми се исуши ако го потпишам договорот за фасадата на „Пелагонија“ од 1,3 милиони евра. Парите за оваа намена што ги планирало минатото раководство од 6 милиони евра ќе ги пренамениме за фасади во средните училишта - рече тогаш Шилегов.

Галиите сè уште се во Вардар

Градоначалникот се пофали и дека дал налог галиите во коритото на реката Вардар, кои се користат како угостителски објекти, да бидат дислоцирани, затоа што го попречуваат нормалниот тек на водите и доколку се зголеми нивото на реката може да дојде до нејзино излевање. Тој изјави дека во тек е правната постапка и дека надлежните градежни инспекции ќе ги посетат сопствениците на објектите за да се види усогласеноста со решенијата со цел да се одредат понатамошните чекори.

Во меѓувреме, ја сопре и изградбата на Панорамското тркало. Сега таму е недоизградениот мост и купишта земја во реката, кои ја нагрдуваат реката. И доколку за мостот се чека ревизија, коритото досега барем од земја можеше да се исчисти.

На прашањето до Град Скопје до каде е постапката за дислоцирање на галиите, што ќе се прави со фасадите што останаа недовршени, со мостот за панорамското тркало и воопшто со останатите објекти од „Скопје 2014“, добивме одговор кој ништо прецизно не кажува.

- Град Скопје темелно ги преиспитува сите градби од проектот „Скопје 2014“, и во однос на текот на изградбата и за сите понатамошни решенија. За сите проекти во согласност со законите ќе биде изготвено финално решение, за што јавноста ќе биде благовремено известена за секој објект поединечно - велат од Градот.

Вирусот „Скопје 2014“ е ставен во карантин

Непосредно пред новогодишните празници, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, одговарајќи на пратеничко прашање до каде е ревизијата на проектот, не даде одговор кои споменици ќе се рушат или ќе се дислоцираат. Тој истакна дека споменикот на Ќосето, за кој работната група за ревизија оцени дека треба да биде отстранет поради утврдени нерегуларности, исто како и оној на Мајка Тереза, е доказ во кривична постапка на СЈО и дека тоа треба да се земе предвид доколку Град Скопје се реши за негова дислокација.

- Вирусот „Скопје 2014“ е ставен во карантин и го замрзнавме. Се прави темелна стручна анализа за овој контроверзен проект, бидејќи се работи за голем број објекти и споменици, измешани се надлежностите, па на сите им се пристапува поединечно. Еден од првите изготвени елаборати е за споменикот на Ќосето и за уште три градби, а се продолжува и понатаму - рече министерот Алаѓозовски.

Препораките се, како што смета министерот, да се изврши дислокација на овие објекти, но тоа да биде согласно законите, за да не се создаде дополнителна штета на Буџетот. Според Алаѓозовски, покренувањата на сценаријата за отстранување ги покренуваат и безбедносните аспекти.

- Ова не смее да создава дополнителни трошоци, имајќи предвид каква е состојбата со буџетот. Претпоставувам дека во ситуација кога градот се гуши во прекумерно загадување, ваква акција не би била паметна, затоа што ќе се ослободат многу штетни честички. Го испитуваме подземниот катастар, како и арматурата, за да видиме дали е безбедно да се дислоцира“ - додаде Алаѓозовски.

Како и да е, засега на објектите од „Скопје 2014“ не им недостасува ни камче. Можеби во годинава во која штотуку зачекоривме работите ќе се помрднат од мртва точка.

Објавено во „Слободен печат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Исклучените од парно ќе дискутираат за калориметрите

Протестот е 150 по ред и се одржува пред Регулаторната комисија за енергетика.

Даниел Дончевски по петти пат го фати крстот во Скопје

На денешната манифестација во осветените води на Вардар по крстот скокнаа околу 150 верници.

Last Minute Sale со попусти до 70 отсто

Девојки го привлекуваа вниманието на возачите и минувачите со табли кои повикуваа на зимски шопинг во Скопје сити мол.

Загадувањето ја запре обновата на Партизанска

Улицата изгледа лошо и нерамно, по должина на коловозот се познаваат три ленти како што е нанесуван асфалтот.

За Водици со изменет сообраќаен режим

Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре.

НАЈЧИТАНИ