• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо14:06 08 јануари 2018 ● Прочитано 12175

Бесплатен јавен превоз од денеска во автобусите на ЈСП и со приватните превозници и истиот ќе трае се до моментот на намалување на загадувањето. Се прекинуваат и градежни активности на градилиштата под надлежност на градот Скопје. Ова се дел од мерките кои ги воведуваат градските власти соопшти градоначалникот Петре Шилегов.

Тој апелираше и до сите градоначалници во скопските општини да ги прекинат активностите на градилиштата што се во нивна надлежност. До граѓаните пак, апелираше да го користат јавниот превоз.

- Апелирам до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз и тоа да премине во навика без разлика на загадувањето, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот – рече Шилегов.

Исто така, рече дека и тој ќе го користи градскиот превоз, електричниот автомобил или ќе оди пеш на работа.

Градоначалникот го задолжи и Јавното претпријатие Комунална хигиена да го продолжи интензивното чистење и миење на градските улици и булевари, да врши зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување стока преку Инспекторатот на Град Скопје, а воедно го повикува и Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на фирмите кои поседуваат одобренија за доставување стоки издадени од градот.

- Борбата против аерозагдувањето бара поголема вклученост од сите нас затоа што во крајна линија сите дишеме ист воздух. За таа цел ги замолувам сите сограѓани сериозно да им обрнат внимание на овие мерки и препораки со цел да можеме да дишеме почист воздух. Доколку сите се откажеме барем од еден мал дел од нашиот комодитет, резултатите ќе почнат да се гледаат многу брзо. Секој од нас има право да дише чист воздух, а обезбедувањето на тоа право е наша заедничка должност и обврска – изјави Шилегов.

Мерките следуваат откако два дена по ред беше регистрирано загадување над дозволените граници на две мерни станици, во Лисиче и на Ректорат.

Мерките се спроведуваат по барање на Владата и Министерството за здравство. Покрај до градските власти, мерки против аерозагадувањето се бараат и од други институции.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Исклучените од парно ќе дискутираат за калориметрите

Протестот е 150 по ред и се одржува пред Регулаторната комисија за енергетика.

Даниел Дончевски по петти пат го фати крстот во Скопје

На денешната манифестација во осветените води на Вардар по крстот скокнаа околу 150 верници.

Last Minute Sale со попусти до 70 отсто

Девојки го привлекуваа вниманието на возачите и минувачите со табли кои повикуваа на зимски шопинг во Скопје сити мол.

Загадувањето ја запре обновата на Партизанска

Улицата изгледа лошо и нерамно, по должина на коловозот се познаваат три ленти како што е нанесуван асфалтот.

За Водици со изменет сообраќаен режим

Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре.

НАЈЧИТАНИ