• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 102
Плусинфо11:59 08 јануари 2018 ● Прочитано 8772

Владата на Република Македонија, почнувајќи од денеска ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје.

Од владината прес-служба информираат дека мерките се активираат по добиените информации дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над дозволеното, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје односно мерните станици Лисиче и Ректорат.

Единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат издавањето одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7.30 часот, обуките на авто школите да се реализираат во период од 9.30 до 14.30 и по 18 часот, да се обезбеди или бесплатен јавен превоз или намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз, да се зголеми фрекфенција на автобуси на ЈСП на сите дестинации, дневно чистење на улиците и пешачките површини и да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла.

Засега нема информации дали веќе е почнат или кога ќе почне да се применува бесплатниот градски автобуски превоз.

Министерствата за животна средина и просторно планирање и за здравство се должни да ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, да се реорганизира работното време, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот, да ја спроведат забраната за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено, да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.

Министерството за внатрешни работи треба да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи обиколницата). 

Владата на Република Македонија ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпрјатијата и АД во државна сопственост, како и на ЕЛС да ја ограничат (до 50 отсто) употребата на службените возила.

Се посочува дека градежните компании имаат обврска да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.), а градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7.30 часот наутро. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Загадувањето ја запре обновата на Партизанска

Улицата изгледа лошо и нерамно, по должина на коловозот се познаваат три ленти како што е нанесуван асфалтот.

За Водици со изменет сообраќаен режим

Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре.

Сто и педесет се пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде утре напладне од мостот кај хотелот „Холидеј ин“.

Општина Карпош потпиша Меморандум за соработка со „Лајонс клуб“

Со Меморандумот се предвидуваат многубројни активности, проекти и заеднички настани, чија примарна цел е подобрување на условите за живот во Карпош.

Пријавени 44 кандидати за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Спуштањето на крстот во водите на Вардар на 19 јануари ќе почне во 12 часот од мостот кај хотелот „Холидеј ин“ и ќе го изврши поглаварот на МПЦ.

НАЈЧИТАНИ