• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо11:00 06 јануари 2018 ● Прочитано 10849

Во издание на ВиГ Зеница од Скопје, излезе од печат „Божја честичка“, новата поетска книга на Глигор Стојковски. 

Станува збор за филозофска поетска книга во која времето и просторот, како впрочем и човечкиот живот, се довижуваат во нивната парадоксалност, како мигови куси исечоци, дури и при гигантнскиот блесок на Веселната.
„Божја честичка“ е голема поема за метафизичката суштина на секој вид постоење. Книгата ја сочинуваат Пролог, поемите „Ерусалим Богови и војни“ и „Источен оган“ и Епилог.

-Насекаде само божји честички на неспознатливата драма на постоењето, на дамнешното создавање и едновремено на миговното постоење на сѐ што нѐ опкружува, пред што Глигор Стојковски не престанува да се фасцинира и да нѐ соочува со кревкоста не само на нашето, туку и на сеопштото постоење, при кое во блесок е содржано создавањето и, речиси, едновремено, гибелта како предуслов за нови молскавични раѓања и пресоздавања- наведува во прегдоворот на книгата, писателот Томислав Османли

Тој комплексен пристап на Стојковски, во поговорот кон книгата книжевната теоретичарка д-р Весна Мојсова Чепишевска го нарекува „Свест за митското големо време“, а поетот и критичар Ефтим Клетников го определува со: „Историска и метафизичка слика на источнот оган“.

Инаку, Глигор Стојковски е истакнат поет, автор на петнаесеттина поетски книги и добитник на најзначајните награди за поезија.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Конференција на министрите за култура во Давос: За култура во срцето на урбаното планирање

Во фокусот се заклучоците за Декларацијата која го промовира концептот на култура на изградба Баукултур (Baukultur).

Балет за деца „Снежана и седумте џуџиња“ во МОБ

Во последните два дена од месецов, како и на 2 февруари, ќе биде изведен балетот „Оревокршачка“ од Чајковски.

Последниот дел од трилогијата „Лавиринт“ во кината низ Македонија

Според режисерот Бол, ова е најголем филм кој го имаат досега направено и воедно најкомплицираниот.

„Писателот оддалеку“ на Владан Матијевиќ преведен на македонски

Владан Матијевиќ (1962) е меѓу најнаградуваните современи српски писатели – добитник е на највисоките книжевни награди во Србија.

НАЈЧИТАНИ