• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 102
МИА10:21 06 јануари 2018 ● Прочитано 9059

Осумдесет и два проекта беа дел од „Нов културен бран“ во два конкурсни рока во 2017 година и имаа квалитетна, естетизирано профилирана и вредносно издржана содржина, објави Министерството за култура со чија поддршка се реализираше манифестацијата.

„На двата објавени повика на конкурсот имаше огромна заинтересираност и беа пристигнати 348 апликации, а за избраните проекти беа обезбедени 10 милиони и 600 илјади денари“, наведува Министерството.

„Нов културен бран“ се реализираше од крајот на јули до декември 2017 година со цел културата да се децентрализира и деметрополизира, што се совпаѓа со мотото на Министерството: култура до сите, култура за сите.

„Целта беше да се поттикне и да се активира независната културна сцена, да се истакне значењето на граѓанскиот сектор преку активноста на невладините организации, здруженија и асоцијации од областа на културата, за кои се смета дека можат да внесат посвежи идеи и поиновативни пристапи во креирањето на културната понуда со проекти кои се во слух со времето“, соопшти Министерството за култура.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Денови на иранската кинематографија во Кинотека од 22 до 27 јануари

Шест филма од современата иранска кинематографија, снимени од 2005 до 2014 година, ќе бидат прикажани во Кинотеката.

За Роман на годината 2017 ќе се натпреваруваат 28 книги

Тие се пријавени на конкурсот кој траеше од 15 декември до 15 јануари, годинава првпат во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Денот на раѓање на Тоше ќе се одбележи со музичка манифестација во Крушево

Во 11 и 15 часот ќе се полага цвеќе на гробното место на нашиот Тоше, а со почеток во 11:30 ќе започне настанот за одбележување на денот на раѓањето.

Конкурсите на МРТ за поддршка на домашната музичка продукција ќе бидат поништени

Во моментов, Министерството за култура ги анализира финансиските импликации со кои ќе се оптовари буџетот.

Роман за германски Џејмс Бонд на македонски јазик

Крими романот „Теодорус. Танцувајќи со риба слон“, за Теодор, германскиот Џејмс Бонд од 21 век е зачинет со музика од Стинг, Шаде.

НАЈЧИТАНИ