• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 53
Плусинфо17:56 05 јануари 2018 ● Прочитано 11355

Мошне популарната диета ДАШ осма година по ред е прогласена за најдобра, имајќи предвид дека се заснова претежно на овошје, зеленчук и интегрални житарки, а се избегнува благо, слатки напивки и црвено месо.

Нутриционистите во рамките на истражувањата анализирале дури 38 најпопуларни диети во светот. При составувањето на листата, проучувале различни фактори, вклучувајќи го степенот на леснотијата на придржувањето на диетата, колку диетата е хранлива, безбедна, ефикасна за губење на килограмите и во која мерка штити од дијабетес и од болести на срцето кај следбениците на диетите.

Лек за висок притисок

Стручњаците од Универзитетот Харвард во декември 2017 година ја прогласиле диетата ДАШ за најдобар лек за лицата што страдаат од висок крвен притисок, бидејќи се покажало дека позитивно влијае врз намалувањето на килограмите и го подобрува менталното здравје.

Диетата ДАШ првобитно настанала како начин на исхрана за лицата со висок крвен притисок, но поради својата безбедност и хранливост го понела епитетот најдобра.

Научниците истакнуваат дека предностите на медитеранската и на ДАШ диетите се во тоа што не се рестриктивни, за разлика од многу други диети.

Освен тоа, не е тешко да се придржувате на овие диети, а одлично се избалансирани и нудат и вкусни работи, меѓу другото и црвено вино.

Диетата пропагира принцип на строга контрола на количеството храна. На пример, дозволеното количество риба/месо, грав, лешници, соја во еден оброк, треба да биде во големина на вашата дланка.

Најнебезбедни диети

Од друга страна, кетогената диета и „Диетата 30 дена“ поради своите високи рестриктивности се прогласени за најмалку безбедни и ефикасни.

Кетогената диета се заснова на низок внес на јаглехидрати и на умерен и висок внес на протеини и масти.

„Диетата 30 дена“ го елиминира внесот на шеќерот, алкохолот, житарките, мешунките (грав, грашок, леќа), сојата и млечните производи во траење од еден месец.

Научниците предупредуваат дека овие рестриктивни диети нудат брзо губење на килограмите, но донесуваат и голема опасност од повторно враќање на претходната телесна тежина.

Две фази

Поделена е во две фази. Првите две недели се внесуваат помалку јаглехидрати, со што се менува метаболизмот, бидејќи телото не мора да произведува многу инсулин. Овие 14 дена не се јадат овошје, житарки, но се внесуваат многу протеини (јајца, грав, леќа, соја, немасно месо и риба, пилешко, мисиркино, сирење, кисело млеко и јогурт со низок процент на масти), здрави масти (авокадо, јаткасти плодови, семки и масла од билки, посебно маслиново масло… кокосово и палмино масло не доаѓаат предвид, бидејќи се богати со заситени масти) и зеленчук што не содржи скроб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Состојби кај кои ракијата може да послужи како лек

На Балканот ракијата се смета за национален пијалок, а приказните за нејзината лековитост се премесуваат од колено на колено.

Зошто се здрави коските и како можат да ве препородат?

Освен супите од коски кои ги готвеа нашите баби, коските можат и да се испечат, а печената коскена срж да ви послужи како најдобар намаз за леб

5 начини да го исчистите црниот дроб

Телото ви дава знаци дека е полно со токсини со следните симптоми: главоболка, замор, болка во зглобовите, запек, гасови и надуеност.

Докиќ: Секој трет Македонец има алергии

Алергиите, особено оние од доменот на домашна прашина и целогодишните, се асоцирани со аерозагадувањето, вели проф. д-р Дејан Докиќ.

Кардиолог открива каков леб можеме да јадеме колку што сакаме

Според Стивен Гандри, кардиолог од Небраска, единствениот леб кој можеме да го јадеме без грижа на совест, воопшто не содржи житарки.

НАЈЧИТАНИ