• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
МИА13:49 14 септември 2017 ● Прочитано 1146

Случајот со неговиот претходник на претседателското место во Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и неговото вработување во американската компанија „Голдман Сакс“, го натера актуелниот челник на извршното тело на Европската унија, Жан-Клод Јункер да изработи нов Кодекс за однесување за членовите на Комисијата.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со изментите норми се поставени нови стандарди за етичките правила во Европа, па со цел поголема транспарентност од почетокот на неговиот мандат и неговиот неодамнешен предлог за продолжување на периодот на „ладење“ на поранешните еврокомесари од 18 месеци, сега Јункер предлага тој период да трае до две години за поранешните членови на Комисијата и три години за поранешен претседател на Еврокомисијата.

Предложените измени одат понатаму и со поставување појасни правила и повисоки етички стандарди, како и воведување поголема транспарентност во голем број области. Исто така, Јункер ќе формира и Независна етичка комисија, која ќе го замени сегашниот ад-хок етички комитет, за да се зајакне статусот и контролата, но и да се дадат совети за етичките стандарди.

Новиот Кодекс на однесување за членовите на Комисијата опфаќа голем број подобрувања, па така, како што беше најавено во ноември 2016 година во писмо до Европскиот парламент, тој го проширува периодот од 18 месеци до две години за поранешни членови на Комисијата и до три години за претседател на Комисија, за кој тие не ќе можат да извршуваат некоја друга работа.

За време на периодот на „ладење“, поранешните еврокомесари ќе треба да ја информираат Комисијата пред да започнат нова работа и исто така ќе бидат предмет на ограничувања во одредени активности, како што се лобирање или вработување во самата Комисија.

Со цел спречување судир на интереси, новиот Кодекс на однесување првпат го дефинира како „судир на интереси“ и го поставува како принцип не само тоа што комесарите ќе мора да избегнуваат ситуации на судир на интереси, туку и ситуации ако на пример поранешните комесари имаат намера да работат во области кои се поврзани со нивните поранешни ресори, за што прво ќе треба да се консултира Независниот етички комитет. Од таа причина, одлуките на Комисијата и мислењата на Комитетот поврзани со таквите одлуки ќе бидат јавно објавувани.

Во однос на финансиските интереси, со предлогот на Жан-Клод Јункер, построги правила ќе се применуваат на финансиските интереси на еврокомесарите. Тие ќе мора да пријават инвестиции од над 10.000 евра, без оглед на тоа дали може да има конфликт на интереси. Во случај на судир на интереси поради особена корист на комесарот, претседателот на Еврокомисијата ќе може да побара негово депонирање или ставање во „слепа доверба“. Комесарите ќе треба да ги ажурираат своите изјави за имотната состојба на почетокот на секоја година, како што е случај денес.

Според Јункер, еврокомесарите се најдобри амбасадори на Европската унија во земјите членки и во целиот свет, поради што тој ги охрабрува да продолжат да патуваат. Но, тој побара тие да мора тоа да го сторат на најекономичен начин, па информациите за патните трошоци на секој комесар ќе бидат објавувани на секои два месеца.

Во однос на примената на Кодексот, на Колеџот на комесари на Европската унија ќе му помага новиот засилен независен етички комитет, кој ќе може да дава совети за сите етички прашања и да дава препораки во врска со Кодексот.

Во случај на прекршување на Кодексот кој не го оправдува повлекувањето на предметот до Судот на правдата, Комисијата може да изрази укор и да ја објави. Ова е новина што неодамна беше искористена од Јункер и која сега ќе биде заштитена со новите правила.

Предлогот на претседателот Јункер од ноември минатата година, што овозможува еврокомесарите да бидат кандидати за изборите во Европскиот парламент, без да дадат оставка, исто така е дел и од новите правила.

Инаку, Жан-Клод Јункер, врз основа на Рамковниот договор меѓу Европскиот парламент и Европската комисија, сега ќе се консултира со Европарламентот. Предложениот Кодекс на однесување ќе стапи на сила на 1 февруари 2018 година и потоа ќе биде применлив за сите сегашни членови на Комисијата, при што во духот на транспарентност и отчетност, Еврокомисијата ќе објавува годишни извештаи за примената на Кодексот.  

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Брнабиќ: Доколку е потребно ќе се сретнам со Харадинај

Изјавата на Брнабиќ следува по тврдењата во Србија дека таа нема да прифати да средба со личност „обвинета за воени злосторства“.

Трамп: Некои делови од светот одат по ѓаволите

Тој додаде и дека не сака конфликти и судири, како и оти САД се водени од исходи и резултати, а не од идеологија.

Макрон: Разочаран сум од одлуката на САД за повлекување од Договорот за климата

Макрон нагласи дека Парискиот договор за климата претствува важна рамка и неопходна основа за справување со киматските промени.

Во турскиот град Малатија воведени тролејбуси само за жени

Некои жени беа задоволни од мерката, додека други ја оценија како дискриминација.

ОН: Во Бангладеш пребегале над 420,000 Рохинџи

Околу 421.000 Рохинџи од Мјанмар пристигнале во Бангладеш од крајот на август, соопшти денеска меѓународната организација за миграција.

НАЈЧИТАНИ