• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 9
МИА13:47 14 септември 2017 ● Прочитано 848

На изглед Мон Блан останува ист, но сепак, најновите мерења покажуваат дека тој е понизок за еден сантиметар од пред две години, јави дописникот на МИА од Париз.

Според координаторот на експедицијата за мерење во 2017 година, геодетот Никола Корние, последните мерења покажуваат дека „покривот на Европа“ е висок 4808,72 метри.

- Мерењето е извршено вчера наутро во прилично сложени метеоролошки услови, со многу ветер и магла, по искачувањето на Мон Блан на нормален начин - изјави денеска Корние.

Сите дваесет членови на експедицијата не успеале да пристигнат до врвот, но техничките уреди се однесени и монтирани за мерења малку побрзо од вообичаеното.

Надморската височина на највисоката точка на Алпите варира со ветрот и врнежите. Колку се посилни врнежите и колку е послаб ветрот, толку е поголем снегот, зголемувајќи го мразот што го покрива карпестиот врв. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Конфискуван имот на вдовицата на Пабло Ескобар

Пабло Ескобар, кој со години беше најбараниот човек во Колумбија, беше убиен во декември 1993 година.

Ништо не може да го спречи роботот да ја исполни својата цел (ВИДЕО)

За движењата на роботот е задолжен софтвер, кој му овозможува да го усогласува неговото однесување во однос на пречките.

Во стан во Буенос Аирес пронајдени над 200 змии

За овој случај осомничено е едно лице, а змиите по ветеринарните прегледи ќе бидат вратени во нивните природни живеалишта.

Тест за Бил Гејтс - колку чини кило ориз во продавница (ВИДЕО)

Според неговата проценка, ќеса ориз чини пет долари, а вистинската цена е еден долар.

Новата цел на Маск - брз интернет во целиот свет

Маск очекува до средината на наредното десетлетие, проектот да работи во полн погон.

НАЈЧИТАНИ