• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 36
Плусинфо13:27 14 септември 2017 ● Прочитано 2215

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе биде спроведена внатрешна ревизија со цел да се утврди како се спроведувало доделувањето под закуп на државното земјоделско земјиште.

Ќе се направи длабинска и опсежна анализа тргнувајќи од договорите склучени во 2016 година па наназад, а првите резултати се очекуваат до 31 декември годинава. Тимовите кои ќе работат на ревизијата ќе ги сумираат резултатите етапно и за тоа ќе ја информираат јавноста.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на прес-конференција рече дека поради обемноста на материјалите, ревизијата ќе трае подолг временски период. Ќе се анализираат 7.000 договори бидејќи постојат сознанија дека се направени злоупотреби.

- Променет е планот за внатрешната ревизија и дадени се сите овластувања од моја страна. Направени се сите неопходни состаноци со цел најтранспарентно да се одвива оваа активност. Од она што сум информиран ќе стане збор за длабинска и опсежна активност која ќе започне со ревизија на последните огласи коишто се спроведени - истакна Николовски.

Тој додаде дека има индиции за незаконски склучени договори и анекси.

- Веќе е покрената постапка и за раскинување на договори со илјадници хектари поради тоа што со години не е плаќан надомест за закуп - соопшти министерот Николовски.

Според податоците на Агенцијата за катастар за недвижности, земјоделското земјиште во сопственост на државата изнесува 170 илјади хектари од кои под закуп се 100 илјади хектари.  

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

„Епл“ призна дека експлоатирала ученици во Кина за изработка на делови за „Ајфон“

„Фајненшпл такмс“ и претходно известуваше за тоа дека 3.000 ученици од Џенгџо, во централна Кина, работат и до 11 часа дневно за тајванската компанија

Хрватска се најде во групата на земји со макроекономска нерамнотежа

Европската комисија спроведува длабинска анализа за да провери дали постои ризик од прекумерен дебаланс, објави Комисијата.

Србија и Турција може да се најдат на црна листа на даночни оази на ЕУ

За проширување на листата се наоѓаат уште 36 земји, меѓу кои се и Ерменија и Куковите Остови, пренесува агенцијата „Блумберг“

„ИХС Маркит“: Еврозоната ќе постигне највисоки економски резултати годинава

Главниот економист на Маркит, Крис Вилијамс, рече дека „бизнисот цвета“и оти работни места се отвараат со највисока стапка од почетокот на милениумот.

Приклучете им се на стотици Телеком корисници во најголемата потрага по скриено богатство

Најпосакуваниот iPhone X е скриеното богатство што ќе ги вклучи корисниците на Македонски Телеком во досега најголемата и најинтересна потрага.

НАЈЧИТАНИ