• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Плусинфо13:22 14 септември 2017 ● Прочитано 1007

Врховниот суд на денеска на јавна седница расправаше за барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство за пресудата за шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костовски.

СЈО, како што образложија обвинителките Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи, побарало заштита на законитоста од Врховниот суд бидејќи смета дека пресудата е незаконита и треба да се укине. Од Врховниот суд не соопштија кога ќе биде донесена и соопштена одлуката.

Обвинителката Фетаи изјави дека во случајот со спогодбата на Звонко Костовски не постои кривично дело шпионажа, за кое тој е осуден. Фетаи рече дека не може некој да биде осуден за кражба, а да не се биде наведен ниту кој е предметот, ниту кому му припаѓа.

Скопскиот Кривичен суд на 25 февруари 2015 година донесе пресуда за поранешниот вработен во УБК, Звонко Костовски, со образложение дека како службено лице во МВР од 2010 година неовластено ја користел опремата на МВР за следење на комуникациите и во неа внесувал телефонски броеви на политичари и други јавни личности. Костовски ја потпиша спогодбата со Јавното обвинителство и се согласи за издржување затворската казна од три години.

Барањето до Врховен суд беше поднесено, бидејќи според СЈО казна не може да издржува само шестообвинетиот како помагач за нелегално прислушување, а притоа да не одговараат извршителите. Затоа СЈО побара ревизија на правосилната пресуда за да се утврди одговорност на сите фактори, како и поради контрадикторните факти во случаите „Пуч“ и „Таргет“.

Врховните судии денеска требаше да одлучуваат и по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за предметот „Талир“, односно да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, но поради технички причини расправата е одложена и презакажана за понеделник.

СЈО изразува сомнеж дека имотот на ВМРО-ДПМНЕ е стекнат на незаконски начин, поради што побара негово замрзнување. 

За поднесените 17 обвиненија од СЈО, обвинителката Ристовска изјави дека до денес немаат информација дали се прифатени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собраниска расправа за законот за јазиците

Џафери на барање на Милошовски даде пауза и закажа продолжување на седницата во 20.30 часот.

СДСМ: Лажните анкети нема да им помогнат на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Двете партии со реакции за рејтинзите откако прва реагираше опозицијата по поднесените пријави против градоначалникот на Неготино.

ВИДЕО Заев до дијаспората: Во Македонија ја враќаме демократијата и слободата

Премиерот рече дека денес во Македонија може да се постави незгодно прашање и да се види се што се случува, па дури и како на Героски му истураат боја

УНИЦЕФ: Децата да се стават во центарот на демократската дебата

Приоритетите кои денеска ги поставуваме пред изборите ќе го одредат светот во кој децата ќе живеат утре, рече претставникот на УНИЦЕФ, Брнџамин Перк

Известување на МОН за случајот со ученичките од ОУ „Братство и единство“ во Охрид

МОН укажаува дека во надлежност на директорот е да ја организира, планира и води работата на основното училиште.

НАЈЧИТАНИ