• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:17 14 септември 2017 ● Прочитано 663

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од дел од економскиот тим во Владата, денеска се сретна со Јесмин Рахман, шефица на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија.

- Ориентирани сме кон развој и финансиска стабилност на државата. Создаваме услови за економски напредок и цениме дека е тој можен, низ поддршка на инвеститорите, посебно домашните претпријатија и отворање нови работни места. Но мудро креираме одржливи политики, што ќе овозможат стабилност на Буџетот и фискална стабилност - рече премиерот Заев.

Toj посочи дека заложба на Владата е да го зголемува процентот на БДП, без да го зголемува дефицитот на државата.

Премиерот Заев соопшти дека новата Влада скрати милиони евра непродуктивни трошоци и дека парите се пренасочени кон проекти за капитални инвестиции, што ќе го покаже и Буџетот за 2018 година.

- Нашата цел е финансиска стабилност на граѓаните и семејствата. Покрај политиките на поддршка на домашните претпријатија насочени сме кон градење пријателски односи со соседите, регионот и земјите членки на ЕУ и НАТО од што веќе имаме првични резултати на заинтересираност на странски инвеститори за вложувања во Македонија. Политиките на Владата насочени кон стратешките цели на Република Македонија, евро-атлантските интеграции се дополнително охрабрување за домашните и странските инвеститори и оттаму со право веруваме дека економската клима во државата ќе даде видливи резултати - додаде премиерот Заев.

Премиерот Заев порача дека Владата има креативни и енергични министри кои работат на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, но кои се истовремено свесни за потребата од одржлива финансиска стабилност во државата, и на тој начин и во иднина ќе работи Владата на Република Македонија.

Оценка на состанокот е дека луѓето го чувствуваат транспаретното работење на Владата што ја релаксира атмосферата на економски план и отвора шанси и можности за развој. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Бугарија амбициозно „граби“ струја од сонцето

Иако источниот сосед сега има 60 пати повеќе фотоволтаици од Македонија, се гради нов гигантски соларен парк, а на покривите никнат соларни панели.

За проблемот со брашното ќе разговараат македонскиот и српскиот министер за земјоделство

Премиерот не очекува и зголемување на цената на лебот поради проблемите со кои се соочуваат мелничарите.

АПСУРДИ Власта се токми да ги осакати спортските обложувалници, ама и буџетот!

Измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри ќе предизвика масовни отпуштања во обложувалниците и пад на буџетските приходи.

Заев го посети тројцата браќа Вејселови, произвеле седум тони тутун ВИДЕО

Тутунот е тежок за производство, велат Вејселови, од расадување, берење, нижење до калапење во него учествува од најмалиот до највозрасниот член.

Струмички гимназијалци се наградени за идеи за „Коридорот 8“

Тие учествуваа со свои проекти како да функционра ова значајна комуникациска врска меѓу Македонија и Бугарија во иднина.

НАЈЧИТАНИ