• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 34
Плусинфо13:07 14 септември 2017 ● Прочитано 534

Во Собранието на Република Македонија почна општиот претрес по Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.

По едночасовната пауза на продолжението на седницата на барање од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека го поништува претходно објавениот список за говорници и побара ново пријавување за збор.

Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски апелира до сите во Собранието, како што рече, да не преземаат какви било потези кои би можеле да бидат насочени кон каква било провокација, со оглед на сензитивноста на темата.

Џафери рече дека се придружува кон повикот да се има чувство за сѐ со оглед на сензитивноста на темата и побара дебатата во Собранието да не се претвори во предизборна кампања.

Првиот говорник во општата расправа, пратеникот и координатор од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, рече дека Предлог законот во 90 проценти е неуставен и изгледува надвор од Охридскиот рамковен договор.

- Овој закон се носи во очи на локални избори како политичко барање и политичка уцена од страна на ДУИ над СДСМ со цел ДУИ како политичка партија да ги покрие сите коруптивни афери, скандали и неоставерни ветувања кон албанското гласачко тело, лошата инфраструктура и  лошите економски услови - рече Димовски.

Во реплика на Димовски, Бранко Манојловски од ДУИ истакна дека проблемот со јазикот мора да се реши заради тоа што, како што наведе, тоа е еден голем ураган кој кога тогаш ќе продре.

- Албанците сакаат албански јазик и тука нема дискусија и ќе си го добијат. Проблемот меѓу Албанците и Македонците е националната омраза - рече Манојловски. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Докиќ: Не тврдам дека се зголемува бројот на болни поради аерозагадувањето

Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија вели дека загадениот воздух е опасен не само за хронично болните, туку и за здравите.

Колку ќе се потроши за ентериер на Градска куќа, толку и за борба против отровниот воздух!

Коалицијата О2 реагира дека досега најмал е буџетот за заштита на животната средина.

Се чека првата пресуда за „Шамарите во Центар“

Судот ќе ја соопшти пресудата за советникот во Општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров, кој на минатото рочиште ја призна вината.

Заев и министрите ќе се соочат со прашања од пратениците

Последната седница за поставување пратенички прашања се одржа на 29 септември лани, непосредно пред распуштањето на минатиот состав на Парламентот.

Магла на дел од патиштата, најстудено утринава во Берово

Утре ќе се задржи стабилно и суво време, а од недела попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините снег.

НАЈЧИТАНИ