• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА12:59 14 септември 2017 ● Прочитано 417

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на Демократската партија, Хилари Клинтон изјави дека е „време да се укине изборниот колеџ“ за претседателските избори и да им се остави само на американските гласачи да одлучат кој ќе биде претсседател.

- Мислам дека изборниот колеџ треба да се отстрани, за да се види вистинската волја на Американците, а не за нив да одлучи техничката страна на изборите, изјави Клинтон, во интервју за Си-Ен-Ен .

На минатогодишните избори таа освои безмалку три милиони гласови повеќе од својот против-кандидат Доналд Трамп, но тој победи кај изборниот колеџ.

Тоа е посебно избрано тело од 538 членови кои го избираат претседателот врз основа на гласовите на граѓаните во секоја сојузна држава на САД, при што секоја од нив е различно рангирана и дава различен број на изборни гласови.

Во интервјуто, по повод појавувањето на нејзината мемоарска книга „Што се случи“ за изборниот пораз , најмногу се обвинува себе си, посебно тоа дека, како што вели, целосно не го разбрала американското гласачко тело и она што тоа навистина го интересира.

Но, за пресвртот во расположението на гласачите, таа го обвинува сега сменетот поранешен директор на ФБИ, Џејмс Коми.

- На 28 октомври, кога Коми испрати писмо до Конгресот, дека отвора нова истрага (за случајот со мејловите) беше денот кога ги загубив претседателските избори, наведе вели Клинтон, забележувајќи дека не им забележува на гласачите кои се прашуваа, што се случува.

На десет денови пред гласањето, Коми најави нова истрага, а на три денови пред Американците да гласаат, соопшти дека „сепак, нема нови моменти за покренување нова истрага“.

До тогаш водечката Клинтон, почна да ја губи поддршката на рејтинг листите, посебно во оние сојузни држави кои важат за витални при изборното пребројување.

- Со својата постапка, Коми за секогаш ја промени историјата, смета Хилари Клинтон, која верува дека силен удел во нејзниниот неуспех, да биде првата жена претседател на САД, имало и силното руско мешање во изборниот процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Земјотрес од 7,5 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Засега нема информации за предизвикани материјални штети или повредени лица.

НРА против предлогот на Трамп за измена на Законот за оружје

Измена на Законот беше предложена по нападот во средно училиште на Флорида, во кој загинаа 17 лица.

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер ја погоди Јапонија

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 125 километри од островот Хоншу, на длабочина од 9,9 километри.

Коѕијас: На Албанија не и отстапуваме ниту педа земја

Шефот на грчката дипломатија посочи дека иформациите дека Грција отстапува дел од својата територија се лажни.

Меркел, Макрон и Путин зборувале за прекин на огнот во Сирија

Tреба да се изврши максимален притисок врз сириската Влада со цел да се прекинат нападите во Источна Гута, соопшти портпаролот на германската Влада.

НАЈЧИТАНИ