• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 9
Плусинфо12:43 14 септември 2017 ● Прочитано 2177

Либерално-демократската партија (ЛДП) синоќа донесе одлука на наредните локални избори да биде дел од, како што вели, победничката коалиција со СДСМ, коалиција која гарантира враќање на демократијата на локално ниво, расчистување со криминалното рабтоење и конечно, посветување на реалните локални проблеми на граѓаните.

На синоќешната седница, Централниот одбор на ЛДП го прифати договорот за коалиционен настап на наредните локални избори со Социјал демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

На истата седница, членовите на Централниот одбор го исклучија од партијата и од сите партиски тела и органи поранешниот претседател, Андреј Жерновски, поради преминувањето во СДСМ.

На Жерновски, ЦО на ЛДП му посака среќа и успех во натамошната работа, а на СДСМ им посака овој пат да не им се повтори Стевчо Јакимовски.

Членовите на ЦО на седницата го избраа и вториот потпретседател на партијата, Игор Вељаноски, кој досега ги извршуваше функциите на претседател на градската организација на ЛДП и советник во Советот на Општина Кисела Вода. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Вајгл, Кукан и Флекенштајн в недела во Македонија, нема да зборуваат за името

На партиите во Македонија останува да се изјаснат дали сметаат дека овој меѓупартиски дијалог е корисен или не и дали треба да се закаже нов датум.

Десет сообракајќи во Скопје, еден загинат

Дваесет и двајца возачи се исклучени од сообраќај, од кои пет возеле под дејство на алкохол.

Нови осцилации за прашањето за името

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија соопшти дека Грција ја поддржува кандидатурата на Македонија за членство во Јадранско-јонската иницијатива.

Меркел и Ципрас ќе зборуваат за името денеска во Брисел

Пред неколку дена, според грчки медиуми, „Ципрас на Меркел и ја потенцирал потребата за конечно решение во спорот, со промена на Уставот“.

Кај Делчево намалена видливоста од 50 до 60 метри

Во клисурите можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража.

НАЈЧИТАНИ