• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Рада И. Маневска12:39 14 септември 2017 ● Прочитано 13144

Вкупно 41.562 невработени лица ќе добијат можност до крајот на годинава да користат една од мерките за вработување содржани во ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година. Притоа еднакви можности ќе добија активните и пасивните невработени како и мажите и жените. Ова на прес конференција го посочија министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска.

За реализација на планот предвидени се 16 милиони евра до крајот на годината, а огласите за четири програми кои ќе бидат објавени следната недела ќе бидат отворени до крајот на годината.

- Триесет отсто од вклучените во овие мерки треба да бидат млади до 29 години, како дел од младинските гарнации - рече министерката за труд и социјална политика Царовска.

Царовска информира дека со овие мерки ќе се обезбедат неповратни средства - грантови во висина од 10.000 евра за 140 старт ап бизниси на млади. За нив ќе бидат определени и ментори кои ќе ги водат младите низ бизнисот со цел што повеќе од овие бизниси да продолжат успешно да работат.

- Вкупно 400 лица ќе бидат обучени за општокорисна работа. 4,5 милиони евра се планирани за вклучување на пазарот на труд на лицата со попреченост кои ќе обезбедат 150 нови работни места. Ги вклучивме и граѓанските организации во процесот на мерките бидејќи тие и досега вработуваа лица, а не беа вклучени во ниту една мерка.За правните лица се обезбедени 5,4 милиони евра. Со ова владата се става во служба на граѓаните - рече Царовска.

Таа нагласи дека новите мерки битно се разликуваат од претходно реализираните, но тоа не значи дека мерките кои се во тек ќе бидат запрени. Сепак, како што додаде, се планира ревидирање на мерките и изнаоѓање решенија онаму каде што се потвфрлува.

- Она што ги разликува новите мерки од оние кои се реализираат е тоа што ние веќе нема да даваме кредити туку тоа ќе бидат неповратни средства со што ќе се обезбеди поголема сигурност на невработените ако не успеат да го одржат бизнисот. Пасивните невработени ќе бидат изедначени со активните, го вклучуваме и граѓанскиот сектор, а обезбеедуваме и поддршка на социјалното претприемништво како пилот проект – појасни Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, како новина во работењето го најави отворањето на огласи без органичен рок и активна помош на невработените во изготвувањето на проектите.

Министерката за труд и социјална политика Царовска потсети дека сите институции поврзани со процесот на реализирање на мерките за вработување почнувајќи од Агенцијата за вработување па сѐ до Министерството се отворени за секој невработени со цел да му помогнат полесно да се вклучи на пазарот на труд.

Во реализација на програмата како и во изготвувањето на стратегијата активно е вклучен и УНДП чија претставничка Луиза Винтон на прес конференцијата рече дека организацијата силно ги поддржува владините настојувања да ја намали невработеноста посебно меѓу младите лица.

 


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ВМРО-ДПМНЕ: Сугарески преку бледи изјави сака да ја оправда неспособноста

Од партијата обвинија и дека свесно е прекината изградбата на автопатите.

Анѓушев: Мерките на Владата се со јасни критеруими и важат за сите компании ВИДЕО

Вицепремиерот го претстави Планот за економски раст пред меѓународната заедница кој, вели, е резултат на сеопфатни анализи.

Се укинува радиодифузната такса, минимална плата од 12.000 денари и по 7.596 за стечајците

Ова е првиот конкретен чекор со кој се отвора спиралата за севкупниот пораст на платите во Македонија, рече министерката Мила Царовска.

Николовски: Навремено да одговориме за ублажување на последиците од климатските промени

Потребно е соодветно прилагодување на политиките и програмите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, рече министерот.

Јосифовски бара да се стави ред во хаосот во нафтениот сектор

Првиот човек на „Макпетрол“ очекува од владата да направи реформи со кои ќе се стави во разумна рамка нафтениот сектор.

НАЈЧИТАНИ