• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 36
Плусинфо12:33 14 септември 2017 ● Прочитано 383

Сто илјади испечатени примероци, 5.000.000 денари стигнати до најранливите категории граѓани преку нивен работен ангажман, околу сто лица за кои „Лице в лице“ е отскочна штица кон пазарот на труд и кон инклузија, шест градови, над 150 часови едукативна програма низ која што поминуваат продавачите на списанието, многу пријатели и поддржувачи...

Вака одблиску изгледа растежот во изминатите години на единственото улично списание што излегува на секои два месеца, а кое утре, 15 септември, со изложба и со дружба во МКЦ клуб ресторанот, ќе ја одбележи својата полудецениска работа во која значајна улога одиграа и граѓаните, но и јавните личности кои што им даваа јавна поддршка на продавачите.

- Читам „Лице в лице“ затоа што е едно од ретките оригинални списанија со вистинска цел. Третира социјални теми, кои инспирираат, мотивираат и ја подигнуваат свеста. Го читам затоа што е единствено и служи за пример за другите - вели поп пејачката Дани Димитровска.

И за Ребека, „Лице в лице“ е оригинално списание, кое дава шанса за заработка на тие кои тешко може да најдат извор на финансии за живот, а вели дека го чита затоа што зборува отворено и без влакна на јазикот.

Сашко Коцев пак, нагласи дека важно е секој поединец на свој начин да придонесе кон градење подобро општество.

- Го поддржувам „Лице в лице“ зашто на некои луѓе не им се сите коцки наредени. Со оваа иницијатива добиваме шанса ние да бидеме коцката што недостасува - вели тој.

Платформата која што ја изгради списанието низ своето петгодишно дејствување, заедно со своите истомисленици е слика за пркосот кон општествените предизвици преку конкретни потфати чија цел е пружање шанса и поттикнување на напредокот на ранливите групи сограѓани.

„Лице в лице“ е еден од пионерите во социјалното претприемаштво во земјава кое работниот ангажман го користи како алатка за инклузија со што економски и социјално ги зајакнува своите продавачи.

Но, во исто време, преку своите содржини, влијае на менување на свеста за важни општествени прашања. Секое издание, посветено на одредена тема, има за цел да информира, едуцира и да ја буди граѓанска свест.

Според Климентина Илијевски, главна и одговорна уредничка на „Лице в лице“, и извршна директорка на „Паблик“, oва беа години на позиционирање на списанието на пазарот.

- Верувам дека поголемиот дел од публиката веќе знае што е уличен печат, а во годините што следуваат се надевам дека се повеќе граѓани ќе ја разберат својата улога во однос на развојот на уличниот печат, како и во однос на развојот на општеството. И не само граѓаните, туку и бизнисите, а институциите пак дека ќе станат поотворени и активно ќе соработуваат со граѓанскиот и со бизнис секторот. Поврзувањето на овој триаголник е значаен чекор кон подобро општество – нагласи Климентина Илијевски, главна и одговорна уредничка на „Лице в лице“ и извршна директорка на „Паблик“.

На настанот ќе се обрати и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која што како активист го поддржа развојот на едукативната програма на „Лице в лице“ при неговите зачетоци преку Платформата за борба против сиромаштија.

- Aктивностите кои ги спроведува списанието „Лице в лице“ претставуваат значајна поддршка за надминување на социјалните ризици во кои се наоѓаат ранливи категории на граѓани преку работно ангажирање, како и ефективен начин да се подигне јавната свест за можностите на овие лица. Од огромна важност е обезбедување на одржливоста на ова улично списание и давањето придонес за обезбедувањето на услови за еднакви можности за сите. Исто така, ова списание направи многу во потикнување на развојот на општествената одговорност, како и во развојот на социјалната економија во државата - вели Царовска.

Роденденските свеќички ќе бидат дувнати во чест на сите досегашни 26 броја на „Лице в лице“, во чест на продавачите, граѓаните, и сите соработници кои оставиле своја трага во некој од броевите на „Лице в лице“.

На настанот ќе бидат доделени признанија на активните борци и поддржувачи на платформата кои неуморно даваа лични импулси и придонес во остварувањето на мисијата и целите на „Лице в лице“. Исто така, ќе биде промовирана мапата „Лично Скопје“, во авторство на уметницата Сабрина Железник, која ги претставува позитивните социјално ангажирани уметнички места низ Скопје, а истата ја содржи и траекторијата на продавачите на списанието „Лице в лице“, како симбол на патувањето кон поинклузивно општество.

Роденденската дружба ќе биде придружена и со изложбата „Бегалци во сопствената земја“, која премиерно беше поставена во Струга, на крајот од јули, на промоцијата на актуелниот број на „Лице в лице“. Истата беше продуцирана со поддршка на Германското друштво за интернационална соработка, ГИЗ.

Настанот во МКЦ е дел од Неделата на граѓански организации поддржана од Проектот за граѓанско учество (ПГУ) на УСАИД – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност, организирани во периодот од 11-17 септември 2017 низ Република Македонија.

Настанот е поддржан и од Регионалниот ГИЗ проект за социјални права на ранливи групи по налог на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, (БМЗ). 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Театарот „Војдан Чернодрински“ треба да биде самостојна институција

Театарот ја има претрпено најголемата штета во последните години, губејќи го брендот Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.

„Јадран филм“ ѝ врати 300.000 евра на Агенцијата за филм

Како ќе се наплати остатокот ќе сезнае по завршување на истрагата на ЈО и Финансиската полиција кои ја проверуваат документацијата, вели Тозија.

Промоција на книгата „Песна без зборови" од Весна Малјановска

Малјановска е музички теоретичар, педагог и новинар во културно- уметничката програма на Македонската телевизија.

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес “ од утревечер во Охрид

Водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк.

Во Струмица премиера на претставата „Царот Владислав“

Ова е четврта премиера на НТ „Антон Панов“ за сезонава, а е работена по текст дебитантски текст на авторот, струмичанецот Борис Јанков.

НАЈЧИТАНИ