• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 9
МИА12:33 14 септември 2017 ● Прочитано 645

Досегашниот селектор на црногорската кошаркарска репрезентација Богдан Тањевиќ се повлече од функцијата и стави крај на неговата кариера, објави тамошниот кошаркарски сојуз.

Челниците на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора му се заблагодари на нивниот досегашен селектор за направеното во време на неговиот мандат.

- Посебно му се заблагодаруваме за ангажманот во последните три години во кои посветено работеше на воспоставување на систем во тренерската организација, како и на резултатите не младинските селекции. Со задоволство сакаме да ја информираме јавноста дека Тањевиќ ќе остане на чело на тренерската организација и таа позиција ќе работи на афирмација на црногорската кошарка и на едукација на нашите тренери, се наведува во соопштението на КСЦГ.

Тањевиќ како предлози за свој наследник на селекторското место ги даде имињата на Дејан Радоњиќ и Душко Ивановиќ. Останува да се види дали некој од овие два тренера ќе биде назначен за нов предводник на кошаркарската репрезентација на Црна Гора. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ѓоковиќ го тужеше Рио, сега бразилските власти го тужат Ноле

Српскиот тенисер во 2016 година ги тужеше бразилските власти за долг од 650 илјади долари.

Тренерот на Влазнија избоден со нож во Скадар

Џока веднаш е пренесен во болница, а полицијата отвори истрага за случајот.

„Камп ноу“ заминува во историјата, Барселона го продава името на стадионот

Барселона првпат на „Камп ноу“ заигра во 1957 година, а стадионот со новото проширување од 99.354 места ќе има 105.000.

Белорусија со злато во штафетата 4 х 6 во бијатлон кај жените

Второто место го освои екипата на Шведска, а трета е екипата на Франција.

Ристевски не успеа да ја заврши трката во слалом

Претходно, Ристевски не ја заврши трката во велеслалом.

НАЈЧИТАНИ