• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 36
МИА11:41 14 септември 2017 ● Прочитано 223

Турција денеска ги предупреди Курдите од автономната област во Ирак „дека сигурно ќе ја платат цената“ за својата упорност да одржат референдум за независност.

- Курдскиот регион би требало да биде свесен дека сигурно ќе ја плати цената за инсистирањето да се одржи референдум и покрај нашите пријателски предупредувања, се посочува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Исто така, се додава дека се „алармантни“ се пожестоки пораките на курдското раководство за независност.

Ирачките Курди на 25 септември планираат да одржат референдум во трите покраини на Ирачки Курдистан, но и во другите спорни територии со мнозинско курдско население. Курдистан е регион во северен Ирак, кој има автономија од 1991 година. Вооружените сили на Ирачки Курдистан учествуваат во офанзивата против Исламска држава.

Најавата за референдумот веќе ги зголемува тензиите, како во Багдад, така и во Техеран и во Анкара. САД, главниот сојузник на Курдите се обидуваат да издејствуваат одложување на референдумот, стравувајќи од дестабилизација на регионот.

Но, и покрај апелите властите во Ирачки Курдистан не се откажуват од референдумот и оценуваат дека со гласањето се отвора патот кон независна држава.

Во случај Ирачки Курдистан да се одвои од Ирак тоа би значело најголемо прекројување на границите на Блискиот Исток од формирањето на Израел во 1948 година. Со тоа од Ирак би се отцепила територија со површина на Швајцарија, богата со нафта.

Ирачки Курдистан зазема околу 10 отсто од ирачката територија и има околу три милиони жители од вкупно 37-милионско население во Ирак.

Курдско малцинство освен во Ирак, има во Турција, во Иран и во Сирија.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Статуа на сексуални робинки ги скара Осака и Сан Франциско

Осака ги раскина шестдецениските односи со Сан Франциско поради статуа на сексуалните робинки на јапонската армија.

Американскиот лекар призна дека сексуално злоставувал повеќе од сто млади жени

Насар е обвинет дека сексуално ги злоставувал девојчињата додека наводно ги лекувал во неговиот дом или во клиниката на Универзитетот „Мичиген Стејт“.

Полски хостел се рекламира со нацистички пароли

Хостелот се наоѓа во малото место Цезаровице, а голем број корисници на Твитер хостелот го нарекоа „Дом на нацистите“.

„Фајненшл тајмс“: „Епл“ експлоатира кинески средношколци

„Фајненшл тајмс“ претходно објави дека 3.000 студенти од кинескиот град Женгжу работат до 11 часа дневно за тајванската компанија „Фокскон“.

По драматичниот пребег, промени на границата меѓу Северна и Јужна Кореја (ВИДЕО)

Армијата на Северна Кореја ги смени сите граничари од делот на границата со Јужна Кореја каде минатата недела еден нејзин војник успеа да побегне.

НАЈЧИТАНИ