• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 33
Плусинфо11:18 14 септември 2017 ● Прочитано 1023

Денеска, Собранието го објави огласот за нов јавен обвинител на Република Македонија откако огласувањето беше изгласано од пратениците пред една недела. Со објавувањето, од денес тече и рокот од 15 дена за поднесување на кандидатури до Советот за јавни обвинители.

Обвинител може да биде дипломиран правник кој е граѓанин на Република Македонија, има положено правосуден испит и со работно искуство од најмалку осум години со потврдени резултати на правни работи, како и универзитетски професор кој предавал повеќе од 10 години некој правен предмет.

Досега, своите кандидатури ги најавија пет кандидати, нотарката Лорија Ваневска и адвокатите Звонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Александар Наков и Сејфула Османи.

Рокот за пријавување трае 15 дена. По истекот, Владата треба да испрати барање до Советот на јавни обвинители да даде мислење за кандидатите во рок од 15 дена. Овој рок, по барање на советот, од оправдани причини може да биде продолжен за уште 15. Кога советот ќе достави мислење до Владата, Владата ќе треба да избере еден од оние кандидати за кои има позитивно мислење и да го предложи во Собранието, каде се потребни 61 глас.

Ако Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати или Владата не може да избере, по предлог до Собранието ќе се распише нов оглас.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Докиќ: Не тврдам дека се зголемува бројот на болни поради аерозагадувањето

Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија вели дека загадениот воздух е опасен не само за хронично болните, туку и за здравите.

Колку ќе се потроши за ентериер на Градска куќа, толку и за борба против отровниот воздух!

Коалицијата О2 реагира дека досега најмал е буџетот за заштита на животната средина.

Се чека првата пресуда за „Шамарите во Центар“

Судот ќе ја соопшти пресудата за советникот во Општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров, кој на минатото рочиште ја призна вината.

Заев и министрите ќе се соочат со прашања од пратениците

Последната седница за поставување пратенички прашања се одржа на 29 септември лани, непосредно пред распуштањето на минатиот состав на Парламентот.

Магла на дел од патиштата, најстудено утринава во Берово

Утре ќе се задржи стабилно и суво време, а од недела попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините снег.

НАЈЧИТАНИ