• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо11:05 14 септември 2017 ● Прочитано 8789

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски е осуден за мобинг откако доби тужба од поранешен раководител во секторот за човечки ресурси во судот, Горан Стаменковски.

Пресудата ја донесе Основниот суд Скопје 2, таа не е правосилна бидејќи Панчевски има право на жалба до Апелациониот суд.
Стаменковски го тужеше за мобинг односно малтретирање на работно место бидејќи екс-претседателот подолго време го прераспоредувал на други други позиции, го казнувал и му поставувал норми што не е пракса во македонското судство.

Панчевски се кандидираше повторно за претседател на Кривичниот суд, но ако Апелација ја потврди пресудата за мобинг тој нема да може да ја извршува таа или друга раководна позиција.

Екс-претседателот од Стаменковски доби уште две кривични пријави за малтретирање во служба и за повреда на рамноправноста.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Сообраќајка го отсече Волково од Скопје, повредена ќерката на Шенка Колозова

На мостот помеѓу Ѓорче Петров и Даме Груев не можат да поминат ниту автобусите на јавниот превоз, а ситуацијата ја влошува и снежниот нанос.

Забрана за камиони и на Плетвар и Ѓавоато

Како што соопштија од ЈП „Македонија пат“ забраната за движење на тешки товарни возила на Ѓавато важи од 20:25 часот, а на Плетвар од 20:15 часот.

Родилката од Кичево била задушена од неправилно поставен тубус?

Воздухот наместо во белите дробови бил насочуван во цревата, а при направената обдукција се увидело дека цревата се полни со воздух, дознава Нова ТВ.

Густа магла на Шапка и на Стража

Намалена видливост од 15 до 20 метри поради појава на магла има на Попова Шапка и на планинскиот премин Стража до 100м.

МТСП апелира да им се помогне на бездомниците од студот

„Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток - Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување“.

НАЈЧИТАНИ