• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Плусинфо10:55 14 септември 2017 ● Прочитано 210

Локалните избори 2017 што ќе се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје на 15 октомври ќе ги следат 336 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.

Шеснаесет експерти на ОБСЕ/ОДИХР се веќе во земјава, а ним оваа недела ќе им се придружат уште 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ целата земја, во тимови по двајца, започнувајќи од 18 септември. Пред локалните избори во Македонија ќе допатуваат уште 300 краткорочни набљудувачи кои ќе ги следат изборите во сите општини во земјата.

– Важно е да се разбере дека ние само ги набљудуваме изборите и оти не се мешаме во процесот, за којшто само известуваме - рече амбасадорката Одри Гловер, шеф на мисијата во земјава.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе ја оценува усогласеноста на овие избори со заложбите на ОБСЕ и со другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, како и со домашните прописи.

Набљудувачите, како што истакна амбасадорката Гловер, внимателно ќе го следат процесот на регистрација на кандидатите и гласачите, кампањските активности, работата на изборната администрација и соодветните владини институции, изборната регулатива и нејзината имплементација и решавањето на изборните спорови.

Како дел од процесот на набљудување Мисијата исто така ќе го следи и известувањето на медиумите за кампањата.

Најавени се средби со претставници на власта, политичките партии, со кандидатите за градоначалници и за советници, и со претставници на граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница.

На денот на изборите набљудувачите ќе го следат отворањето на гласачките места, гласањето, пребројувањето на гласачките ливчиња и сумирањето на резултатите.

Мисијата ќе објави еден периодичен извештај во текот на својата работа, на денот на изборите, ќе биде дадена изјава за првичните наоди и заклучоци, додека конечниот извештај за набљудувањето ќе го објави околу осум недели по завршувањето на изборниот процес. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собраниска расправа за законот за јазиците

Џафери на барање на Милошовски даде пауза и закажа продолжување на седницата во 20.30 часот.

СДСМ: Лажните анкети нема да им помогнат на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Двете партии со реакции за рејтинзите откако прва реагираше опозицијата по поднесените пријави против градоначалникот на Неготино.

ВИДЕО Заев до дијаспората: Во Македонија ја враќаме демократијата и слободата

Премиерот рече дека денес во Македонија може да се постави незгодно прашање и да се види се што се случува, па дури и како на Героски му истураат боја

УНИЦЕФ: Децата да се стават во центарот на демократската дебата

Приоритетите кои денеска ги поставуваме пред изборите ќе го одредат светот во кој децата ќе живеат утре, рече претставникот на УНИЦЕФ, Брнџамин Перк

Известување на МОН за случајот со ученичките од ОУ „Братство и единство“ во Охрид

МОН укажаува дека во надлежност на директорот е да ја организира, планира и води работата на основното училиште.

НАЈЧИТАНИ