• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Плусинфо10:45 14 септември 2017 ● Прочитано 709

Поради меѓународниот фудбалски натпревар меѓу Вардар и Зенит од Русија, што треба да се одигра вечерва на скопскиот стадион и очекуваниот зголемен интензитет на сообраќај, попладне од 17 часот околу стадионот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, попладне во 17 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата Аминта Трети и тоа на потегот од крстосницата со улицата Јордан Хаџиконстантинов Џинот, па се до фудалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници. Исто така, во попладневните часови ќе се преземаат мерки за расчистување и дислоцирање на затекнатите возила на сообраќајниците и паркинг просторите околу стадионот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Голем број делови од подрачјето на главниот град утре по неколку часа ќе бидат без електрична енергија.

„Водовод“ им се извини на граѓаните за рестрикциите со водата

Цистерни со питка вода кружат на потегот од Три Бисери до Капитол мол и од поштата до последна 5ка и 15ка поради дефект кој настанал денеска.

Без вода утре дел од Аеродром

Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување приклучок од Ф-100мм., на ул.Симеон Кавракиров бб. во населба Аеродром.

Викендов 40 повредени во 38 сообраќајки во Скопје

Најмногу возачи, пак, биле казнети за брзо возење.

Утре велопикник на Средно Водно

Од 9 до 9:30 часот пред објектот на ИЗИИС е закажано собирањето на велосипедистите што ќе учествуваат во велотурата до Средно Водно.

НАЈЧИТАНИ