• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Плусинфо10:42 14 септември 2017 ● Прочитано 658

Врховниот суд на денешната седница треба да расправа за Барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство за пресудата за шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костовски.

Скопскиот Кривичен суд на 25 февруари 2015 година донесе пресуда за поранешниот вработен во УБК, Звонко Костовски, со образложение дека како службено лице во МВР од 2010 година неовластено ја користел опремата на МВР за следење на комуникациите и во неа внесувал телефонски броеви на политичари и други јавни личности. Костовски ја потпиша спогодбата со Јавното обвинителство и се согласи за издржување затворската казна од три години.

Барањето до Врховен суд е поднесено, бидејќи според СЈО казна не може да издржува само шестообвинетиот како помагач за нелегално прислушување, а притоа да не одговараат извршителите. Затоа СЈО побара ревизија на правосилната пресуда за да се утврди одговорност на сите фактори, како и поради контрадикторните факти во случаите „Пуч“ и „Таргет“.

Врховните судии денеска треба да одлучуваат и по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи претходно Кривичниот суд го одби ова барање.

СЈО изрази сомнеж дека имотот на ВМРО-ДПМНЕ е стекнат на незаконски начин, поради што побара негово замрзнување. 

Седниците се почнати во 10 часот, но се затворени за јавноста. Од судот велат дека кога одлуките ќе бидат донесени ќе ги објават на веб-страницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собраниска расправа за законот за јазиците

Џафери на барање на Милошовски даде пауза и закажа продолжување на седницата во 20.30 часот.

СДСМ: Лажните анкети нема да им помогнат на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Двете партии со реакции за рејтинзите откако прва реагираше опозицијата по поднесените пријави против градоначалникот на Неготино.

ВИДЕО Заев до дијаспората: Во Македонија ја враќаме демократијата и слободата

Премиерот рече дека денес во Македонија може да се постави незгодно прашање и да се види се што се случува, па дури и како на Героски му истураат боја

УНИЦЕФ: Децата да се стават во центарот на демократската дебата

Приоритетите кои денеска ги поставуваме пред изборите ќе го одредат светот во кој децата ќе живеат утре, рече претставникот на УНИЦЕФ, Брнџамин Перк

Известување на МОН за случајот со ученичките од ОУ „Братство и единство“ во Охрид

МОН укажаува дека во надлежност на директорот е да ја организира, планира и води работата на основното училиште.

НАЈЧИТАНИ