• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА10:16 14 септември 2017 ● Прочитано 363

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги започнаа подготовките на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.

Датумот на одржувањето на маратонот е 6 мај 2018 година, а од денес со почеток во 10 часот официјално започнува и пријавувањето на учесниците.

Секој кој ќе се пријави во првите четири дена, до недела, 17.09.2017, ќе може да си го одбере својот омилен стартен број.

Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопски Маратон 2018 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.skopskimaraton.com.mk како и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопски Маратон, www.smartrace.club.

Како и секогаш, брановите за регистрација и оваа година ќе бидат распределени во повеќе етапи, потоа цените ќе се зголемуваат при секоја нова етапа.

Од организацијата веќе започнаа со промоцијата на Виз Ер Скопскиот маратон со тоа што со веќе првата промоција ќе биде овој викенд на полумаратонот во Копенхаген.

- Имајќи ги во предвид бенефициите од секоја промоција од ваков тип Виз Ер Скопскиот маратон во следниот период ќе биде претставен и на маратоните во Љубљана и Истанбул, соопштија организаторите.

Во организација на Сојуз на спортови на Скопје, покрај Женска трка и Виз Ер Скопски маратон, заедно со Атлетски клуб Работнички се подготвува најновото спортско изненадување со трката „Скопје трча 10км“ (Skopje Run 10K) која ќе се одржи на 8 октомври 2017 година. Повеќе детали за оваа трка може да најдете на www.skopje.run.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Вардар доцна фати ритам на гостувањето кај Нант

Цели 50 минути Вардар беше непрепознатлив, без жар во одбраната и комбинации во нападот па во еден момент домаќините имаа седум голови предност.

Дејан Недев избран за генерален секретар на Европската традиционална карате федерација

Претседател на ЕТКФ останува Владимир Јорга, а за претседател на техничкиот комитет е избран Венцислав Недев.

Свечено затворени 23. Зимски олимписки игри

Најуспешна е Норвешка, која со 39 медали постави нов рекорд по бројот на освоени медали.

Погба си оди од Јунајтед ако остане Мурињо

Французинот Пол Погба кој на „Олд Трафорд“ дојде како огромно засилување, е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед.

ЗОИ 2018: ИОК го забрани руското знаме и на затворањето

На Олимписките игри во Пјонгчанг беа примени само наводно чисти руски спортисти, но во Кореја, двајца од нив беа фатени со забранети супстанции.

НАЈЧИТАНИ