• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Плусинфо10:13 14 септември 2017 ● Прочитано 757

Три илјади граѓани за три месеци го посетиле Изложбениот центар за електрична енергија „Матка“. Овој музеј на ЕВН, сместен во оригиналниот простор на старата хидроцентрала Матка, е прв од ваков вид во земјава и во регионот.

Изложбениот центар „Матка“ содржи експонати низ кои е прикажана историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со електрификацијата. Мултимедијалниот пристап и експонатите нудат уникатна можност за едукација и интеракција со посетителите без разлика дали се деца или возрасни.

Поставени се експонати за различните типови на производство на електрична енергија, приказ на ресурси, а интерактивните плазма панели и плазма топката, како и Ван де Графт генераторот нудат допир со електрицитетот.

- Електричната енергија е вистински феномен и еден од најзначајните пронајдоци на човештвото. Тргнувајќи оттаму, кај нас се роди идеја да создадеме место каде што сегашните, а особено идните поколенија ќе можат да се едуцираат и да ги надополнуваат своите знаења. Токму затоа, како општествено одговорна компанија, Изложбениот центар „Матка“ го ставаме на располагање на сите образовни институции во Македонија без надомест и се надеваме дека содржините што ги има тука ќе бидат дел од образовната програма. Наша цел е Изложбениот центар „Матка“ да биде место кое ќе ги охрабри и поттикне младите да сонуваат за иновации и прогрес - изјави Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Неговиот впечаток кога прв пат ја посетил хидроцентралата во Матка бил како да ја сретнал заспаната убавица. Набрзо е решено старата зграда да се претвори во музеј кој ќе биде интересен, пред сѐ, за децата.

Доколку сакате да го посетите музејот можете да се најавите на мејл или да се приклучите во групите кои се организираат со водич на самото место.

Повеќе податоци има на www.matka.com.mk, /Facebook: Матка - Изложбен центар / Matka - Exhibition Center /Instagram: matka.exhibition.center

Влезот во Изложбениот центар „Матка“ е бесплатен за сите.

Изложбениот центар „Матка“ се отвори на 10 мај 2017 година. 


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Голем број делови од подрачјето на главниот град утре по неколку часа ќе бидат без електрична енергија.

„Водовод“ им се извини на граѓаните за рестрикциите со водата

Цистерни со питка вода кружат на потегот од Три Бисери до Капитол мол и од поштата до последна 5ка и 15ка поради дефект кој настанал денеска.

Без вода утре дел од Аеродром

Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување приклучок од Ф-100мм., на ул.Симеон Кавракиров бб. во населба Аеродром.

Викендов 40 повредени во 38 сообраќајки во Скопје

Најмногу возачи, пак, биле казнети за брзо возење.

Утре велопикник на Средно Водно

Од 9 до 9:30 часот пред објектот на ИЗИИС е закажано собирањето на велосипедистите што ќе учествуваат во велотурата до Средно Водно.

НАЈЧИТАНИ