• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Плусинфо09:30 14 септември 2017 ● Прочитано 321

Изложбата „Дел од мене“ од уметниците Ферди Булут и Дарко Талески од Прилеп ќе биде отворена утре во 19.00 часот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Изложбата е дел од манифестацијата Нов културен бран што ја реализира Министерството за култура.

Од овој регион потекнуваат голем број уметници од сите области, чии што мотив често бил тутунот. Ферди потекнува од рурална средина директно инволвиран од најрано детство во обработката на тутунот, Дарко од урбана средина, кој никогаш не бил директно вклучен во обработка на тутун, но неговото опкружување му дава можност да се запознае со тој процес. Едниот е од турска, а другиот од македонска националност, што уште повеќе го збогатува нивното заедничко творештво.

Во проектот „Дел од мене“ како основен материјал е земена саргијата (груба ткаенина изработена од коноп која се користи за вкалапување на исушениот тутун). Саргијата ја носи миризбата на обработениот тутун која што се впива на истиот начин како што миризбата се лепи за тутуноберачите.

Ферди ја користи саргијата како втора кожа. Кожата е еден вид меморија на животот. Ферди уште од најрана возраст се соочува со маката што ја носи тутунот. Преку фотографиите и кратките видео записи дел од видео перформансот, тој е обвиен во саргија како негова втора кожа. Стиснат помеѓу мирисот и тежината во другите фотографии т.е. другиот дел од перформансот Ферди се обидува да се ослободи од таа тежина. Колку и да е силно и вистинско тоа одделување, остава свои траги. Тоа е причина за дел од фотографиите на перформансот да се види втора кожа, овој пат проѕирна (проѕирна фолија) како симбол на трагите кои остануваат врз личноста од социјалните и опшествените случувања во кои расне, созрева, живее и твори.

Тешките услови за живот неминовно придонесува голем број на луѓе кои се соочуваат со тежината на тутунообработката да бараат можност да избегаат т.е се одделат од миризбата на тутунот и од стегите на саргијата.

Дарко во последните 2 години експериментира со состојбата на неговата кожа (demography т.е. цртање на кожа) како медиум за уметничко изразување.

- Кожата го покрива телото, истовремено има улога да нѐ заштити од другите, но и да нѐ прикаже пред другите. Дел од книгата „Мислење преку кожата“ од Сара Ахмет и Џеки Сатјси е следниот текст: мислата не се одразува само на телото како изгубен објект на мислата, туку на целосната слика за нас самите, на начинот на постоењето - со, и постоењето - за, каде што еден допир е допир на другите. Проучувајќи го ова јас разбрав дека мојата личност е се рефлектира преку мојата кожа - вели Дарко.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Нови претстави и гостувања на Велешкиот театар

Директорот Младен Крстевски најави оживување на детската сцена која, вели, ќе биде четврта во Народен театар Велес.

Штипскиот Центар за култура се подготвува за фестивалот „Малиот принц“

Организаторите најавуваат и интересни случувања во централното градско подрачје со кои ќе се анимира најмладата публика.

Сликарот Александар Иванов добитник на откупната награда на концептот „Несовршен простор“

Сликата „Извор“ на Александар Иванов е суптилна фигуративна претстава на ангел кој свири (гласник).

„Блуз и соул фестивал“ од 22 до 24 септември во Скопје

Фестивалот в петок ќе го отвори македонскиот блуз-бенд познат по клупски настапи „In the Mood“

Групна изложба на ликовни уметници од Чешка и Македонија

Застапени се автори од различни генерации,12 автори со 33 дела.

НАЈЧИТАНИ