• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо09:16 14 септември 2017 ● Прочитано 679

Полицијата во Македонија е втората институција на која граѓаните најмногу и веруваат (55 отсто) веднаш после образовниот систем. Недоверба во неа, пак, имаат околу 23 отсто. Ова е еден од резултатите добиени по спроведеното истражување на јавното мислење за работата на полицијата во рамки на проектот „Пулсот за полициски интегритет и доверба на Западен Балкан". Проектот го спроведе регионалната мрежа од седум граѓански организации од регионот - Поинтплус, а е поддржан од Европската Унија.

- Вработените во приватниот сектор покажуваат најголема доверба во полицијата, а по нив се оние кои работат во јавниот сектор и пензионерите. МВР треба да работи повредно за да добие доверба од невработените лица, студентите и воопшто од младите, бидејќи нивоата на доверба кај овие категории се пониски. Нивото на доверба во полицијата меѓу етничките Албанци се зголемило во 2017, што е позитивен тренд со оглед на тоа што процентот во минатото беше многу помал од оној на етничките Македонци. Во моментов, нема значајни разлики меѓу двете етнички групи – покажува истражувањето.

За полицајците, велат истражувачите, има позитивна перцепција меѓу населението, особено кога станува збор за жени-полицајки.
Меѓутоа, и покрај високото ниво на доверба, се уште граѓаните ја сметаат полицијата како средство за заштита на интересите на политичките партии или други конкретни групи.

- Министерството за внатрешни работи треба да направи значајни напори за да ја деполитизира полицијата и да се осигура во имплементацијата на професионални стандарди на сите нивоа во оваа институција – се констатира во заклучоците од истражувањето.

Кога е во прашање корупцијата, и покрај релативно високото ниво на доверба, постои и перцепција дека таа во оваа институција е широко распространета, а тоа покажува висока толеранција за корупцијата во нашето општество. 

- Сепак, охрабрувачки е да се види дека најголемиот дел (70 отсто) од граѓаните се спремни да пријават полициска корупција дури и доколку е потребно да откријат лични податоци, што е далеку повеќе од другите земји во регионот. Постои широк консензус дека мотивирањето на граѓаните да пријават корумпирани полициски службеници е најнеопходното дејство за превенција на корупција – велат од регионалната мрежа.

Најчест начин како би пријавиле корупција, граѓаните се изјасниле дека тоа ќе го направат со одење во локална полициска станица, а дел од нив претпочитаат тоа да го пријават кај некој познаник што работи таму.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Сообраќајка го отсече Волково од Скопје, повредена ќерката на Шенка Колозова

На мостот помеѓу Ѓорче Петров и Даме Груев не можат да поминат ниту автобусите на јавниот превоз, а ситуацијата ја влошува и снежниот нанос.

Забрана за камиони и на Плетвар и Ѓавоато

Како што соопштија од ЈП „Македонија пат“ забраната за движење на тешки товарни возила на Ѓавато важи од 20:25 часот, а на Плетвар од 20:15 часот.

Родилката од Кичево била задушена од неправилно поставен тубус?

Воздухот наместо во белите дробови бил насочуван во цревата, а при направената обдукција се увидело дека цревата се полни со воздух, дознава Нова ТВ.

Густа магла на Шапка и на Стража

Намалена видливост од 15 до 20 метри поради појава на магла има на Попова Шапка и на планинскиот премин Стража до 100м.

МТСП апелира да им се помогне на бездомниците од студот

„Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток - Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување“.

НАЈЧИТАНИ