• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА09:14 14 септември 2017 ● Прочитано 545

Македонија се надева дека направила доволно за да ја убеди ЕУ да почне пристапни преговори во момент кога веќе 25 години продолжува спорот со Грција, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Во изјава за Ројтерс, тој вели дека Грција не го прифатила веднаш минатомесечниот предлог на Македонија, таа држава да го употребува името Поранешна Југословенска Република Македонија во другите меѓународни тела.

- Доколку оствариме доволно во смисла на реформи дома, се надеваме дека ќе го достигнеме стадиумот за преговори за членство во ЕУ, и истовремено ќе постигнеме договор за прашањето за името - изјави Димитров.

Според него, до членство во НАТО треба да се стигне со преговори. Димитров вели дека е потребно „Атина да ја види Македонија како сојузник... На долг рок тоа е и во интерес на Грција да има сосед држава во која владеат закони“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Сообраќајка го отсече Волково од Скопје, повредена ќерката на Шенка Колозова

На мостот помеѓу Ѓорче Петров и Даме Груев не можат да поминат ниту автобусите на јавниот превоз, а ситуацијата ја влошува и снежниот нанос.

Забрана за камиони и на Плетвар и Ѓавоато

Како што соопштија од ЈП „Македонија пат“ забраната за движење на тешки товарни возила на Ѓавато важи од 20:25 часот, а на Плетвар од 20:15 часот.

Родилката од Кичево била задушена од неправилно поставен тубус?

Воздухот наместо во белите дробови бил насочуван во цревата, а при направената обдукција се увидело дека цревата се полни со воздух, дознава Нова ТВ.

Густа магла на Шапка и на Стража

Намалена видливост од 15 до 20 метри поради појава на магла има на Попова Шапка и на планинскиот премин Стража до 100м.

МТСП апелира да им се помогне на бездомниците од студот

„Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток - Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување“.

НАЈЧИТАНИ