• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
МИА08:58 14 септември 2017 ● Прочитано 198

Лидерите на демократите во двата дома на Конгресот на САД соопштија дека постигнале договор со претседателот Доналд Трамп за заштита на илјадници млади имигранти од депортација, како и за финансирање на одредени мерки за зајакнување на безбедноста на границата.

Договорот беше постигнат на работна вечера во Белата куќа на Трамп со лидерите на демократското малцинство во Претставничкиот дом - Ненси Пелоси и во Сенатот - Чак Шумер.

Договорот предвидува да се гарантира заштита од депортација на околу 800.000 имигранти, доведени илегално во САД уште како деца, кои досега беа под заштита на посебна програма усвоена од поранешниот претседател Барак Обама. Оваа програма им овозможи привремено право да работат без страв од депортација.

Пред една недела Трамп ја запре програмата и покрај противењето на демократите. Сепак, подоцна тој се договори со нив да му се дадат на Конгресот шест месеци да предложи законско решение за проблемот пред да им биде укинат заштитениот статус на т.н. сонувачи.

Програмата ДАЦА овозможи привремено пролонгирање на депортацијата на речиси 800.000 квалификувани кандидати и со неа им беа издадени работни дозволи на две години, со можност за продолжување.

Одлуката да ја укине програмата ДАЦА, Трамп ја образложи дека американските работници мора да бидат на прво место

Американските медиуми коментираат дека Трамп, по вторпат во рок од две недели, ги игнорираше своите републикански партнери и постигна договори со лидерите на демократите во Конгресот.

Пелоси и Шумлер во заедничката изјава по состанокот, соопштија за договорот, без да ги специфираат суштинските детали од неговата содржина. Според анонимен извор, тие договориле посебен закон, кој кога ќе биде усвоен, ќе им даде право на „сонувачите“ да добијат државјанство под одредени услови.

Белата куќа засега е без коментар. Во кратко официјално соопштение за средбата, се наведува само дека претседателот имал „конструктивна работна вечера“ со Шумер, Пелоси и вработени во Администрацијата, на која се дискутирало за „политички и законодавни приоритети“, вклучувајќи ја и укинатата програма.

- Ова е позитивен чекор кон реализација на силниот ангажман на претседателот да се бараат двопартискиот решенија на проблемите кои се најважни за сите Американци, се вели во соопштението на Белата куќа. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Брнабиќ: Доколку е потребно ќе се сретнам со Харадинај

Изјавата на Брнабиќ следува по тврдењата во Србија дека таа нема да прифати да средба со личност „обвинета за воени злосторства“.

Трамп: Некои делови од светот одат по ѓаволите

Тој додаде и дека не сака конфликти и судири, како и оти САД се водени од исходи и резултати, а не од идеологија.

Макрон: Разочаран сум од одлуката на САД за повлекување од Договорот за климата

Макрон нагласи дека Парискиот договор за климата претствува важна рамка и неопходна основа за справување со киматските промени.

Во турскиот град Малатија воведени тролејбуси само за жени

Некои жени беа задоволни од мерката, додека други ја оценија како дискриминација.

ОН: Во Бангладеш пребегале над 420,000 Рохинџи

Околу 421.000 Рохинџи од Мјанмар пристигнале во Бангладеш од крајот на август, соопшти денеска меѓународната организација за миграција.

НАЈЧИТАНИ