• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Веле Митановски08:57 14 септември 2017 ● Прочитано 5268

Oстанувам и понатаму да бидам активен во партијата, и понатаму ќе ја помагам, затоа што сѐ уште сметам дека оваа партија има силен потенцијал за прогрес на општеството и државата и сѐ уште најголем број високо квалитетни кадри кои можат да ја водат државата и процесите напред.

Ова, во изјава за весникот „Слободен печат“, го кажа актуелниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, кој, во своите пријателски кругови, одамна најави дека нема да трча втор мандат.

Од друга страна, анкетите силно го фаворизираа, што беше причина за постојано убедување, од страна на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, во намера, сепак, да го премислат во последен момент.

- Мене, секако, ми беше најтешко. Потешко од секогаш. Не е толку лесно да се разделиш од една визија за градот, за охриѓани, но и за сите што тука доаѓаат. Нека не ми биде забележано за нескромност, ако кажам дека навистина ми е многу жал. Започнавме многу проекти, многу завршивме, многу се во тек на реалкизација, некои со потполно извршени подготовки, реализацијата ќе остане на наследникот. Ќе бидам среќен ако, ги довршат, во интерес на граѓаните - додава Бакрачески.

Тој дека по малку и стравува во поглед на континуитетот на започнатите проекти.

- Според понуденото и кажаното на терен од страна на некои кандидати во досегашното предизборие тешко ќе биде обезбеден континуитетот на започнатото и реализираното во изминативе 4 години. Дури стравувам, дека може да се случи, да се вратат некои регресивни процеси во градот и општинските институции, кога надворешни лица кои не се вработени, влијаеја на носењето одлуки и решенија, директно упаднати во просториите на разни сектори и одделенија во општинската зграда. Исто така, до мене допираат информации дека еден од кандидатите многу лесно, а да не кажам - неодговорно и несвесно, ветува сѐ и сешто на такви структури и тоа со точно одредени рокови, иако не постои веројатност да ги реализира за толку краток рок. При тоа ни сам не е свесен дека на првиот ден кога ќе помине рокот кој им ги ветил таквите луѓе ќе му висат на глава. Се плашам дека ќе се врати старото време, а тамам во нашиот мандат успеавме таквите надворешни влијанија да ги држиме на страна од секторите и оддленијата. Не знам,би било добро да грешам, ама, сепак, стравувам дека таквите поимања на работите ќе доведат до регресивни процеси во градот – категоричен е Бакрачески.

Тој напоменува дека нема туку така да замине, без да ѝ се обрати на јавноста.

- Ќе ја искористам првата прилика, најискрено да се заблагодарам на довербата што ми ја дадоа градот и граѓаните на Охрид, довербата од партијата. Должност ми е да дадам кратка ретроспектива за сработеното, но и да им посакам фер изборна трка на избраните кандидати, да им предочам и некои мои перспективни видувања за градот, а од нив зависи - дали и колку ќе ги испочитуваат.

Доскорешниот директор на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, д-р Митко Тилески, е нов кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собраниска расправа за законот за јазиците

Џафери на барање на Милошовски даде пауза и закажа продолжување на седницата во 20.30 часот.

СДСМ: Лажните анкети нема да им помогнат на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Двете партии со реакции за рејтинзите откако прва реагираше опозицијата по поднесените пријави против градоначалникот на Неготино.

ВИДЕО Заев до дијаспората: Во Македонија ја враќаме демократијата и слободата

Премиерот рече дека денес во Македонија може да се постави незгодно прашање и да се види се што се случува, па дури и како на Героски му истураат боја

УНИЦЕФ: Децата да се стават во центарот на демократската дебата

Приоритетите кои денеска ги поставуваме пред изборите ќе го одредат светот во кој децата ќе живеат утре, рече претставникот на УНИЦЕФ, Брнџамин Перк

Известување на МОН за случајот со ученичките од ОУ „Братство и единство“ во Охрид

МОН укажаува дека во надлежност на директорот е да ја организира, планира и води работата на основното училиште.

НАЈЧИТАНИ