• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
МИА08:54 14 септември 2017 ● Прочитано 150

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до втората по ред победа во подготовките за новата сезона, откако вчеравечер во Софија, го совладаа тимот на Левски со 78:67.

Даниел Џенсен со 20 поени беше најефикасен во редовите на македонскиот шампион Ерик Гарсија постигна 14, Јуре Лалиќ 11, а Адем Мекиќ реализира 10 поени. Брет Бејли зсврши со 9 поени, а Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски беа стрелци на по 7 поени.

Аеродромци денес ќе одиграат уште еден меч во Софија и тоа против бугарскиот шампион Лукоил Академик (18 часот).

Од клубот информираат дека пресметките со Крајова закажани за в петок и сабота нема да се одиграат односно се одложени во заеднички договор на двете екипи. Наместо тоа, МЗТ Скопје Аеродром закажа дуел со грчки Арис предвиден да се игра на 18 септември (понеделник) во Солун.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Баку домаќин на финалето од ЛШ во 2019 година?

Сериозен кандидатот за финалето на ЛШ 2019 година беше и новиот стадион на мадридски Атлетико.

Елмас доби дозвола од ФИФА да настапува за Фенербахче

Елмас на 27 септември ќе наполи 18 години со што ќе стане полнолетен и се очекува оваа година да дебитира на официјален натпревар на Фенербахче.

За само неколку дена еден милион барања за билети за СП 2018

Најголем број барања се од Русија, Аргентина, Кина, Мексико и САД.

Нојер опериран, ќе отсуствува од терените до крајот на годината

Голманот на баварскиот клуб по вторпат скрши коска на стапалото од левата нога на еден од тренинзите со тимот.

Македонските клубови започнуваат со настап во ФИБА натпреварувањата

Најтрофејниот кошаркарски колектив Работнички ќе земе учество во квалификациите за Европа Купот.

НАЈЧИТАНИ