• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 33
МИА08:51 14 септември 2017 ● Прочитано 226

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид со убедлива победа над АПОЕЛ ја почна новата сезона во Лигата на шампионите на УЕФА.

Предводен од својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо кој постигна два гола, „кралевите“ рутинирано го освоија првите три бода во Х-групата.

Најубедливата победа синоќа ја оствари Манчестер Сити, а во дербито на вечерта Тотенхем беше поуспешен од Борусија Дортмунд. Третиот англиски клуб Ливерпул на домашен терен ремизира со Севиља.

Најголемото изненадување го направи Шахтјор кој успеа да го победи Наполи.

Група Е: Ливерпул – Севиља 2:2, Марибор – Спартак Москва 1:1

Група Ф: Фејнорд – Манчестер Сити 0:4, Шахтјор – Наполи 2:1

Група Г: Порто – Бешикташ 1:3, Лајпциг – Монако 1:1

Група Х: Реал Мадрид – АПОЕЛ 3:0, Тотенхем – Борусија Дортмунд 3:1. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Познати 16 екипи од Лига Европа кои обезбедија пласман во нок аут фазата

По одигрувањето на комплетното петто коло во Лига Европа, познати се 16 екипи, кои имаат обезбедено пласман во нок аут фазата од ова натпреварување.

Барселона победи на гостувањето кај ППД Загреб

Ракометарите на Барселона го совладаа хрватскиот првак ППД Загреб со 32:24.

Олимпијакос нов лидер во Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос по триумфот синоќа на гостувањето кај Милано со 87:86, се искачија на првата позиција.

Манчини: Во вториот дел Вардар играше допадливо

Екипата на Зенит ја постигна четвртата победа во групата Л од Лига Европа откако синоќа на домашен терен го победи македонскиот првак Вардар со 2:1.

Вкупно 11 екипи со обезбеден пласман во нок аут фазата од Лига Европа

Во тек се уште 10 натпревари од петтото коло од ова натпреварување.

НАЈЧИТАНИ