• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 4
МИА08:47 14 септември 2017 ● Прочитано 217

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ги повика денеска попладне на итен состанок лидерите на политичките партии, на кој тема ќе бидат заострените односи меѓу Словенија и Хрватска, соопшти Владата во Загреб.

Исто така, за денеска е закажана и вонредна седница на словенечката парламентарна Комисија за одбрана, посветена на „подготовката на војската да ја спроведе арбитражната пресуда за границата со Хрватска“, која ќе се одржи по барање на претседателот на Комисијата Жан Махниќ, кој е пратеник од најголемата опозициска партија СДС.

Тоа го потврди и портпаролката на Словенечката демократска партија (СДС) Матеја Ерчуљ.

- Седницата ќе се одржи зад затворени врати во 16 часот, а потоа е можно Махниќ да даде изјава за јавноста, во зависност што ќе се случува на седницата, истакна Ерчуљ.

Словенечкиот премиер Миро Церар повеќе пати досега побарал седницата да се откаже, оценувајќи ја темата „целосно непримерна“. Тој предупреди дека на тој начин се испраќаат лоши сигнали кон меѓународната заедница околу спорот со Хрватска, бидејќи Словенија планира арбитражната одлука да ја имплементира на мирен начин. Слично реагираше и словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец, сметајќи ја седницата за „непотребна“.

Младиот словенечки политичар од партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша нагласи дека „Хрватска распоредува бродови со специјални единици, еден кај Умаг и еден во околината на Пула“.

- На бродовите се наоѓаат припадници на специјалните единици на хрватската војска, а не крајбрежна стража. Нивна цел е да го спречат спроведувањето на арбитражниот договор. Хрватска е подготвена да ја брани својата земја, но не знаеме како тоа ќе го направиме. Не дај Боже да дојде до конфликти, кои може да ги очекуваме од хрватска страна, додаде Махниќ, обвинувајќи го Церар дека не презема ништо во врска со тоа прашање.

Махниќ не е единствен кој споменува оружје кога станува збор за примена на одлуката на Арбитражниот суд во Хаг. Германските медиуми, кои во претходните денови информираа за тензичните односи меѓу Словенија и Хрватска, пишуваат дека „не е исклучена и употреба на сила во спорот околу Пиранскиот залив“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Експлозија во фабрика близу Њујорк, повредени најмалку 33 лица

Според првичните сознанија, никој од повредените не е во критична состојба. Пожарот сè уште не е во целост под контрола.

Европската агенција за лекови ќе се пресели во Амстердам, одлучи Советот на ЕУ

ЕБО и ЕАЛ досега се наоѓаа во Лондон. Нивното преместување се должи на одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата.

Американските сили бомбардираа фабрики за дрога во Авганистан

Нападите беа насочени кон изворите на финансирање на талибанците, изјави генерал Џон Николсон, додавајќи дека таквите напади ќе продолжат.

Штајнмаер: Засега не се планирани нови избори во Германија

Штајнмаер рече дека ќе има разговори со конзервативците на Ангела Меркел, Слободните демократи и со Зелените за коалициона влада.

НАЈЧИТАНИ