• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 35
МИА08:41 14 септември 2017 ● Прочитано 329

Во последните две деноноќија Северна Кореја изврши разместување на своите мобилни лансерни ракетни системи, јави американската телевизија Ен-Би-Си, повикувајќи се на висок претставник на Вооружените сили на САД.

Во информацијата на телевизијата не се посочени други детали за активностите на севернокорејските сили, но се претпоставува дека властите во Пјонгјанг се подготвуваат за извршување на нов ракетен тест.

Последниот рекетен тест Северна Кореја го изврши на 29 август кога лансираше ракета од типот „Хвасонг-12“.

Ракетата тогаш го надлета северниот дел на јапонскиот остров Хокаидо, по што се урна во водите на Тихиот Океан изминувајќи околу 2.700 километри. При летот, ракетата достигна максимална височина од 550 километри.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Статуа на сексуални робинки ги скара Осака и Сан Франциско

Осака ги раскина шестдецениските односи со Сан Франциско поради статуа на сексуалните робинки на јапонската армија.

Американскиот лекар призна дека сексуално злоставувал повеќе од сто млади жени

Насар е обвинет дека сексуално ги злоставувал девојчињата додека наводно ги лекувал во неговиот дом или во клиниката на Универзитетот „Мичиген Стејт“.

Полски хостел се рекламира со нацистички пароли

Хостелот се наоѓа во малото место Цезаровице, а голем број корисници на Твитер хостелот го нарекоа „Дом на нацистите“.

„Фајненшл тајмс“: „Епл“ експлоатира кинески средношколци

„Фајненшл тајмс“ претходно објави дека 3.000 студенти од кинескиот град Женгжу работат до 11 часа дневно за тајванската компанија „Фокскон“.

По драматичниот пребег, промени на границата меѓу Северна и Јужна Кореја (ВИДЕО)

Армијата на Северна Кореја ги смени сите граничари од делот на границата со Јужна Кореја каде минатата недела еден нејзин војник успеа да побегне.

НАЈЧИТАНИ