• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3
Плусинфо23:11 13 септември 2017 ● Прочитано 921

Носител на листата за советници во Советот на Општина Центар ќе биде член на граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“.

Ова било договорено вчера на средбата со кандидатот за градоначалник Саша Богдановиќ и претставникот од СДСМ Дамјан Манчевски, кои платформата што ја испратија од граѓанската иницијатива до сите кандидати за градоначалници, ја прифатиле во целост и се обврзале да биде дел од нивната програма за локалните избори.

„Платформата која води кон поквалитетен живот и која дава план како да се сопре урбанистичкото и еколошкото дивеење, а која што минатата недела ја објавивме како наш услов за поддршка на евентуален кандидат за градоначаник на Центар досега на еден ден пред истекот на рокот за кандидирање ја прифати само СДСМ. Претставниците на СДСМ изразија подготвеност член на граѓанската иницијатива да биде носител на листа за советници за општина Центар како независен кандидат на коалицијата предводена од СДСМ“, велат од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“.

Од СДСМ го прифатиле предлогот носител на листата да биде Јана Белчева Андреевска како независен кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Заев утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Заев утре ќе се сретне и со Гутереш, а денеска имаше работни средби со еврокомесарот Јоханес Хан и со Федерика Могерини.

Премиерот Заев се сретна со белгискиот колега Мишел ВИДЕО

Мишел додал дека определеноста кон реформи придонесуваат во остварувањето на овие две стратешки цели на државата.

Мониторинг на ААВМУ: Алфа и Нова го прекршуваат начелото за објективно известување

МРТ 1, при информирањето за политичкит партии, целосно бил фокусиран на двете најголеми партии.

Министерство за правда: Работиме на изготвување предлог закон за заштита на сведоци

Министерството за правда демантира дека министерот за правда изјавил дека се работи на подготовка на закон за измени на законот за СЈО.

Собранието утре ќе ја продолжи 15.седница

Парламентарното мнозинство истакна дека Законот е во согласност со Уставот и не го нарушува унитарниот карактер на државата.

НАЈЧИТАНИ