• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3
Плусинфо23:57 13 септември 2017 ● Прочитано 1194

Големата филмска и театарска ѕвезда на бивша Југославија, и една од најпопуларните српски актерки Тања Бошковиќ е добитник на единствената награда за високо актерско остварување на јубилејното 25 – то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шикков кој заврши синоќа во Струмица.

Таа наградата ја доби за улогата на Марија Клаиќ во претставата ,,Солзите се ОК“, од Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, а во продукција на театарот Звездара од Србија. Бошковиќ вели дека оваа награда за неа е многу важна, а таа е среќна што благодарение на ова признание ќе биде уште една заштитничка на достоинството на актерите.

- Јас сум многу возбудена и почестена и знам дека не заслужив, но ќе се трудам до крајот на својот живот да го чувам споменот на големиот актер, на големиот актер, на човекот кој се бореше за достоинството на глумата и тоа е голема обврска, вели Тања Бошковиќ – добитник на наградата „Ристо Шишков“.

Тања Бошковиќ престижната наградата за високо актерско остварување ја доби во конкуренција помеѓу педесетина актери од тринаесет претстави од Македонија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Србија. Исто како и нејзините претходници во изминатите 24 години таа како награда доби златен медаљон со ликот на патронот на фестивалот Ристо Шишков и паричен износ од 1500 евра. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

„Папагалот Историко“ - премиера на Драмскиот театар

Претставата е во режија на Љубиша Георгиевски според неговиот роман „Монументи на глупоста“.

Легендарниот француски кинематографер Пјер Лом пристигна во Македонија

Во неговата 40-годишна кариера тој ги има снимено некои од ремек делата на француската кинематографија.

Македонска премиера на „Жаба“ на Браќа Манаки

Премиерата на филмот„Жаба“ е закажана за 25ти септември во 19.30 часот во Големата сала на Центарот за култура Битола.

„Коскени часовници“ на Дејвид Мичел излегува на македонски јазик

Во книжарницата ИЛИ-ИЛИ книгата в петок и в сабота ќе се продава по промотивна цена.

Премиера На „Кингсмен - златниот круг“

о новото продолжение јунаците се соочуваат со новите предизвици.

НАЈЧИТАНИ