• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 9
Ристо Тасев12:01 14 септември 2017 ● Прочитано 614

Добитничката на наградата за високо актерско остварување на 25. издание на ФКТ „Ристо Шишков“, познатата српска актерка Тања Бошковиќ, не ја криеше радоста по доделувањето на престижната награда. За тоа колку ѝ значи наградата, Бошковиќ рече:
- Многу, многу ми значи. Јас сум силно возбудена и почестена и знам дека не сум заслужила. Но, ќе се трудам до крајот на својот живот да го зачувам споменот на големиот актер, на човекот кој се борел за достоинство на глумата. Тоа за мене е голема обврска. По малку стравувам, бидејќи не сум при голема животна сила, веќе пет години сум во пензија. Но, морам да се трудам да се грижам за достоинството на нашата работа. Прекрасно е што овој град го чува споменот на Ристо Шишков. Прекрасно е што фестивалот ни овозможува тука да се среќаваме, бидејќи е меѓународен. Иако говориме различни јазици, постои истиот дух кој секаде е еднаков - и на Нов Зеланд и на Гренланд, едноставно насекаде, бидејќи актерите се секаде актери. Јас сум среќна бидејќи ќе бидам уште една заштитничка на достоинството на актерот.

Дали се познававте лично со Ристо Шишков?

- Не. За жал, јас сум за нијанса помлада. Но многу имам слушано, посебно од таа генерација од Југословенско драмско позориште, каде сè уште се чува споменот на Шишков. Тие мислеле дека тој ќе биде нивна ѕвезда, но тој се одлучил за нешто друго. И сосема е во ред да се вратиш на својот корен и да правиш добро за својот народ. Тоа треба да им го пренесеме и на овие сегашни „клинци“, кои имаат потреба да заминат надвор и таму да се промовираат наместо дома. Затоа, јас длабоко се поклонувам на таквиот однос и го почитувам.

 Игравте многу и во театарот и на филм. Кога повторно би почнувале, што би избрале?

-Сè! Мене ми е тесен овој свет. Премногу е мал за сето тоа што го можеме и секако, кога би имале сила и време. Сè би избрала. Кога јас сум веќе на крајот од тоа што се нарекува глума, се отвораат нови светови, се создаваат некои други таленти. Јас имам голем дар за пријателство. Едвај чекам и сигурна сум дека тука ќе успеам да направам некое убаво пријателство за еден иден живот. Бидејќи имам намера да живеам 200 години, и пријателството ќе трае.

(Објавено во „Слободен печат“)
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Вработениот во кабинетот на Валмир Азири нема да добие 11.000 евра, проектот е повлечен

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски тврди дека по реакциите на јавноста самите учесници на конкурсот ги повлекле своите проекти...

„Дожд и хартија“ од Владимир Тасиќ преведен на македонски

Романот „Дожд и хартија“ од Владимир Тасиќ е добитник на НИН-овата награда за роман во 2004 година и наградата Златен сончоглед за 2004 година.

3Д веб - сцена за „Аферата Мис Стон“ во Музејот на македонската борба

Алатката, која може да се користи како ИКТ метод во наставниот процес, ќе биде промовирана пред наставници од основните и средните училишта од Скопје.

Марко Мицов во главна улога во „Рубини“ на Баланшин во Балетот во Сан Антонио

Изведбата била на 16 февруари на 51-вата годишнина од делото кое се смета за култно во балетската уметност.

БЕРЛИНАЛЕ Главната програма – вистинско фијаско

Од филм во филм, наместо да станува подобра, селекцијата на филмови се покажува погубна.

НАЈЧИТАНИ