• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Злате Лозановски12:54 14 септември 2017 ● Прочитано 1960

Американскиот режисер Мајкл Мур во 2000 година почна кампања за кандидирање фикус за конгресмен.

„Во земјата во која мнозинството веќе не гласа, кандидирињето фикус ќе им даде шанса на обесправените граѓани да не гласаат за ниеден од предложените кандидати“, велеше Мур.

Не се знае дали во Македонија ќе бидат во мнозинство, ама факт е дека сè почесто може да се прочита во медиумите и на социјалните мрежи или да се слушне во приватните разговори одлука во вид на закана - на овие избори нема да гласам! Аргументи што го оправдуваат спроведувањето во дело на овој став, за жал, има на претек. Гласачите се разочарани од начинот на кој партиите ги избираат кандидатите за градоначалници, од квалитетот на понуденото – стручноста, авторитетот, угледот, од моралот на кандидатот – и од редица други изневерени надежи и очекувања.

Ваквите партиски шеми се стари колку и партиите; нови се само разочараните, тие кои очекувале дека нешто, после сè, сепак ќе се смени. Таканареченото гласачко тело не е ништо друго освен обичен заложник, заробеник или, во најдобра случај, војник на партијата. Немоќен да ја казни за манипулациите што му ги прави. Партијата во Македонија не чека некој бунтовник како Мур: таа самата кандидира фикус. За да докаже дека е моќна и со таков кандидат да победи и да го претстави како слободен избор на граѓаните. И победи – ене го на функцијата претседател на државата.

Значи, ќе биде избран градоначалникот што го избрала партијата, без разлика дали ги задоволувал елементарните критериуми за таа функција, дури и без разлика дали некои го бојкотирале гласањето. Оттаму, одбивањето да се искористи гарантираното право на глас е слаба утеха за жртвата и преблага казна за злосторникот.

(Објавено во „Слободен печат“)
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Сообраќајка го отсече Волково од Скопје, повредена ќерката на Шенка Колозова

На мостот помеѓу Ѓорче Петров и Даме Груев не можат да поминат ниту автобусите на јавниот превоз, а ситуацијата ја влошува и снежниот нанос.

Забрана за камиони и на Плетвар и Ѓавоато

Како што соопштија од ЈП „Македонија пат“ забраната за движење на тешки товарни возила на Ѓавато важи од 20:25 часот, а на Плетвар од 20:15 часот.

Родилката од Кичево била задушена од неправилно поставен тубус?

Воздухот наместо во белите дробови бил насочуван во цревата, а при направената обдукција се увидело дека цревата се полни со воздух, дознава Нова ТВ.

Густа магла на Шапка и на Стража

Намалена видливост од 15 до 20 метри поради појава на магла има на Попова Шапка и на планинскиот премин Стража до 100м.

МТСП апелира да им се помогне на бездомниците од студот

„Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток - Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување“.

НАЈЧИТАНИ