• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Плусинфо21:24 13 септември 2017 ● Прочитано 2557

Претседателите на 22 партии дел од коалицијата предводена од СДСМ, денеска потпишаа Договор за заеднички настап на локалните избори под мотото „Живот во Македонија за сите“.

– Формиравме предизборна колаиција предводена од СДСМ за следните локални избори. Настапуваме отворено, го слушнавме гласот на граѓаните кои избраа заедништво, наспроти поделби, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој додаде дека сменета е политичката клима во Македонија и дека граѓаните се ослободени и веруваат во промени.

-Сменета е политичката клима во државата. Ослободени се граѓаните. Се чувствува вербата во промените. Граѓаните од целото општество, од сите сфери, ја имаат шансата да учествуваат во промените и го прават тоа. Затоа убеден сум, оваа предизборна коалиција, по промените на централно ниво, ќе донесе промени и на локално ниво на изборите на локалните избори на 15 октомври и ќе донесе живот за сите граѓани во нашата заедничка, преубава, Република Македонија. Нека ни е со среќа на сите! Нека им е со среќа на сите наши граѓани и на нашата Република Македонија, рече Заев. 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собраниска расправа за законот за јазиците

Џафери на барање на Милошовски даде пауза и закажа продолжување на седницата во 20.30 часот.

СДСМ: Лажните анкети нема да им помогнат на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Двете партии со реакции за рејтинзите откако прва реагираше опозицијата по поднесените пријави против градоначалникот на Неготино.

ВИДЕО Заев до дијаспората: Во Македонија ја враќаме демократијата и слободата

Премиерот рече дека денес во Македонија може да се постави незгодно прашање и да се види се што се случува, па дури и како на Героски му истураат боја

УНИЦЕФ: Децата да се стават во центарот на демократската дебата

Приоритетите кои денеска ги поставуваме пред изборите ќе го одредат светот во кој децата ќе живеат утре, рече претставникот на УНИЦЕФ, Брнџамин Перк

Известување на МОН за случајот со ученичките од ОУ „Братство и единство“ во Охрид

МОН укажаува дека во надлежност на директорот е да ја организира, планира и води работата на основното училиште.

НАЈЧИТАНИ