• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109
Плусинфо20:30 13 септември 2017 ● Прочитано 5616

 Речиси 60 отсто од граѓаните на Македонија се задоволни од работата на новата влада во првите 100 дена, покажува анкетата спроведена од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и од телевизијата „Телма“.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 58,9 од испитаниците се изјасниле дека се задволни од Владата во првите 100 дена, 34,9 отсто рекле дека се незадоволни, а 6,2 отсто не знаат или одбиле да одговорат.

Според етничката припадност, 54,35 отсто од Македонците се задоволни од првите 100 дена на Владата, 40,22 отсто се незадоволни, додека кај Албанците 71,36 се задоволни, а незадоволни се 21,11 отсто.

На прашањето во која област најмногу сработила Владата во првите 100 дена, 38,5 отсто рекле дека тоа била надворешната политика, 7,4 отсто се изјасниле за социјалната заштита, за 3,2 отсто тоа бил економскиот развој, 20 отсто се определиле за некоја друга област (здравство, правосудство, странски и домашни инвестиции и земјоделство), а 19 отсто рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.

За тоа на која област треба најмногу да посвети внимание Владата, 34,2 отсто одговориле дека тоа треба да биде зголемувањето на работните места, 18,4 отсто сметат дека предност треба да му се даде на економскиот развој, за 8,6 осто најважна е интеграцијата во ЕУ и во НАТО, за 10,4 приоритетно е здравството, за 7,4 отсто – социјалната заштита, за 17,1 отсто – други области и 3, 9 отсто рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.

Инаку, во вечерашното издание на емисијата „Топ-тема“, на која беа презентирани овие резултати, беше соопштено дека анкетата на МЦМС и на „Телма“ покажува дека СДСМ има за три отсто повисок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, првпат по 10 години.

Конкретните бројки и проценти од овој дел од анеката ќе бидат соопштени во утрешното издание на емисијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собраниска расправа за законот за јазиците

Џафери на барање на Милошовски даде пауза и закажа продолжување на седницата во 20.30 часот.

СДСМ: Лажните анкети нема да им помогнат на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Двете партии со реакции за рејтинзите откако прва реагираше опозицијата по поднесените пријави против градоначалникот на Неготино.

ВИДЕО Заев до дијаспората: Во Македонија ја враќаме демократијата и слободата

Премиерот рече дека денес во Македонија може да се постави незгодно прашање и да се види се што се случува, па дури и како на Героски му истураат боја

УНИЦЕФ: Децата да се стават во центарот на демократската дебата

Приоритетите кои денеска ги поставуваме пред изборите ќе го одредат светот во кој децата ќе живеат утре, рече претставникот на УНИЦЕФ, Брнџамин Перк

Известување на МОН за случајот со ученичките од ОУ „Братство и единство“ во Охрид

МОН укажаува дека во надлежност на директорот е да ја организира, планира и води работата на основното училиште.

НАЈЧИТАНИ