• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 4
Плусинфо20:21 13 септември 2017 ● Прочитано 824

Почнува одбројувањето за американската вселенска сонда Касини, која треба во петок да влезе во атмосферата на Сатурн и да ја заврши успешната тринаесетгодишна мисија, која донесе многу сознанија за гигантската гасовита планета.

Сондата Касини која орбитира околу Сатурн од 2004 година, го почна маневарот за спуштање во атмосферата на оваа планета, каде ќе се распадне и со тоа спектакуларно ќе ја заврши својата многу плодна научна мисија, пренесува N1.

Лансирана во 1997 година, сондата Касини пристигна до Сатурн во 2004 година и оттогаш собира податоци со своите 12 инструменти. Залихата на гориво е речиси исцрпена и НАСА се одлучи за големо финале кое е ризично, но потенцијално вредно за науката.

- Касини е извонредна мисија која го револуционализира нашето разбирање за нашиот Сончев систем - рече Александар Хејс, професор по астрономија на Универзитетот Корнел во Њујорк.

За речиси 300 орбитирања околу Сатурн леталото направи значајни откритија како што се морето со течен метан на Титан, неговиот најголем природен сателит или постоењето на солена вода под ледената површина на Енцелад, мала Сатурнова месечина.

Сондата треба да се нурне во атмосферата на Сатурн на 15-ти септември. Да го стори тоа, леталото ќе се приближи на Титан, ќе го искористи гравитацискиот притисок на таа месечина за да влезе во орбитата помеѓу прстените на Сатурн и горниот гасовит слој, и прв пат ќе го испита празниот простор од 2.700 километри.

Касини последен пат го надлета Титан на 12-ти септември и денес треба да ги емитува сликите и научните податоци собрани за време на тој лет. Оваа последна комуникација инженерите на НАСА исто така ќе ја искористат за да утврдат дали сондата е на добра патека за да се нурне во атмосферата на Сатурн.

- Касини имаше бројни научни премиери и тоа ќе продолжи, бидејќи нејзините инструменти ќе собираат примероци од атмосферата на Сатурн до последната секунда - вели Линда Спилкер, водечки научник на таа мисија во лабораторијата на НАСА во Калифорнија.

- Сондата ќе емитира податоци речиси во реално време додека ќе влегува во атмосферата, што е без преседан за Сатурн - рече таа.

Касини треба да воспостави радио контакт со Земјата една или две минути пред почетокот на спуштањето за кое време ќе работат десет од нејзините 12 инструменти, вклучувајќи го и спектрометарот за анализа на составот на атмосферата. Овие информации ќе можат да придонесат за разбирање на тоа како е формирана планетата и како се развивала.

Утре, на денот пред конечното спуштање, другите инструменти детално ќе ги следат појавите како што е Аурора Бореалис, температурата и вителите околу половите на Сатурн.

Последните движења ќе започнат во петок во 10,37 според централноевропско време. Касини ќе влезе во атмосферата на Сатурн во 13,53 со антените свртени кон Земјата и моторите вклучени за да ја одржат нејзината патека.

Една минута подоцна, 1.510 километри над слојот на облаци, комуникациите ќе престанат и наскоро Касини ќе почне да се распаѓа, појаснуваат од НАСА.

- Ова големо финале претставува кулминација на седумгодишната програма за да се искористи преостанатото гориво во леталото на научно најпродуктивен начин - рече Ерл Мејх, шеф на проектот Касини во Калифорнија.

Со тоа што Касини ќе се сруши во атмосферата на Сатурн се избегнува ризикот од нејзиниот пад на една од месечините на Сатурн каде што може да постои живот, како на Енцелад, и на тој начин ќе се заштити од можна контаминација, рече тој.

Мисијата беше спроведена во соработка со американската НАСА, Европската вселенска агенција (ЕСА) и италијанската агенција. ЕСА и италијанската агенција ја изградија сондата Хајгенс која беше носена од Касини. Таа сонда се оддели од Касини во декември 2004 година и слета на Титан.

Мисијата Касини-Хаггенс чинеше 3,26 милијарди долари, од кои САД дадоа 2,6 милијарди, ЕСА 500 милиони и Италија 160 милиони.

Џовани Касини бил италијански астроном од 17 век, кој открил четири месечини околу Сатурн. Кристијан Хајгенс, негов современик, бил холандски математичар кој открил дека Сатурн има прстени, а исто така го видел за прв пат Титан.

 

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Лондон е посакувано засолниште за прогонети, за крадци и авантуристи

Главниот град на Англија е посакуван за азил на луѓе со вишок пари кои се кријат од правосудството, а градот им ја пружа и посакуваната анонимност.

Мочуришниот хотел: Трамп Интернешенел, Авенија Пенсилванија 1100

Во историјата на овој град не е забележано претседател, со своето име напишано со огромни златни букви, да ја промовира сопствената компанија.

НАТО: Немаме таен план за Западен Балкан

Официјалниот претставник за Русија и Западен Балкан од одделението за јавна дипломатија во НАТО оцени дека регионот се движи во вистинска насока.

Трамп номинираше истребувач на духови за нов федерален судија

Блогерот Тали никогаш не бил судија, а Американската адвокатска комора тврди дека тој е неквалификуван за тоа место.

Кои се најплатените пратеници во државите на Европската унија?

Постојат огромни разлики меѓу платите и трошоците на пратениците во државите на ЕУ.

НАЈЧИТАНИ