• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА19:00 13 септември 2017 ● Прочитано 1551

Бразилската полиција денеска го уапси извршниот директор на најголемата компанија во светот за преработка на месо „ЈБС“, осомничен за давање поткуп и за инсајдерско тргување заради профит од зделка, склучена претходно, оваа година.

Извршниот директор на „ЈБС“ Весли Батиста и неговиот брат Жоесли, поранешен шеф на компанијата, во мај склучиле договор со Обвинителството, во рамки на кое посведочиле дека оваа компанија платила поткуп на десетици политичари, вклучувајќи го и претседателот Мишел Темер. Претседателот ги отфрли таквите тврдења.

Весли беше приведен во Сао Паоло, а освен за поткуп се товари за инсајдерско тргување со акции на компанијата и невообичаено купување долари, кои донеле огромен профит на компанијата.

Налог за притвор е издаден и за Жоесли, иако тој е во истражен затвор од неделата, откако самиот се предаде по објавувањето дека наводно скрил информации за време на давањето исказ при постигнувањето договор со Обвинителство 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Земјотрес од 7,5 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Засега нема информации за предизвикани материјални штети или повредени лица.

НРА против предлогот на Трамп за измена на Законот за оружје

Измена на Законот беше предложена по нападот во средно училиште на Флорида, во кој загинаа 17 лица.

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер ја погоди Јапонија

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 125 километри од островот Хоншу, на длабочина од 9,9 километри.

Коѕијас: На Албанија не и отстапуваме ниту педа земја

Шефот на грчката дипломатија посочи дека иформациите дека Грција отстапува дел од својата територија се лажни.

Меркел, Макрон и Путин зборувале за прекин на огнот во Сирија

Tреба да се изврши максимален притисок врз сириската Влада со цел да се прекинат нападите во Источна Гута, соопшти портпаролот на германската Влада.

НАЈЧИТАНИ