• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 4
Плусинфо17:47 13 септември 2017 ● Прочитано 1318

Северна Кореја лежи на резерви од над 200 минерални руди, чија вредност е проценета на повеќе од 10.000 милијарди долари, објави „Раша тудеј“.

Телевизијата наведува дека не постојат официјални податоци за тоа колкава е точната вредност на севернокорејското рудно богатство, но според груби проценки од почетокот на деценијава, севернокорејските резерви на јаглен, железна руда, цинк, бакар, графит, злато, сребро, магнезит, молибден и многу други метали, вредат меѓу 6.000 и 10.000 милијарди долари.

Нејзината почва, исто така, содржи голем број на метали потребни за да се направат паметни телефони и други технолошки производи.

Севернокорејскиот рударски сектор сега е под целосна забрана на Обединетите нации, откако Пјонгјанг го зголеми бројот на нуклеарните проби и покрај силното противење на меѓународната заедница.

Сепак, рударскиот сектор останува клучен за економијата на Северна Кореја и многу експерти веруваат дека токму со рударството земјата ги покрива своите воени трошоци.

Приватното рударство е нелегално во Северна Кореја и околу 14 отсто од нејзината економија се состои од рударски подземни ресурси, пишува весникот „Кварц“.

Кина е претставена со околу 90 проценти од надворешната трговија на Пјонгјанг, и според дел од експертската јавност официјален Пекинг е заинтересиран да има монопол над одредени делови на извозот од Северна Кореја, посебно во делот на скапоценетите камења, објави неодамна „Њујорк пост“ 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Експлозија во фабрика близу Њујорк, повредени најмалку 33 лица

Според првичните сознанија, никој од повредените не е во критична состојба. Пожарот сè уште не е во целост под контрола.

Европската агенција за лекови ќе се пресели во Амстердам, одлучи Советот на ЕУ

ЕБО и ЕАЛ досега се наоѓаа во Лондон. Нивното преместување се должи на одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата.

Американските сили бомбардираа фабрики за дрога во Авганистан

Нападите беа насочени кон изворите на финансирање на талибанците, изјави генерал Џон Николсон, додавајќи дека таквите напади ќе продолжат.

Штајнмаер: Засега не се планирани нови избори во Германија

Штајнмаер рече дека ќе има разговори со конзервативците на Ангела Меркел, Слободните демократи и со Зелените за коалициона влада.

НАЈЧИТАНИ