• 23 февруари 2018
  • Вести денес: 70
МИА15:28 13 септември 2017 ● Прочитано 629

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба ќе биде надвор од терените неколку недели, откако вчера се здоби со повреда на мускул на левата нога.

Французинот го напушти натпреварот со Базел на "Олд Трафорд" во 18. минута, но тоа не ги спречи „црвените ѓаволи“ да победат со 3:0.

По крајот на средбата Погба го напушти стадионот на патерици, а според Мурињо најскапиот негов фудбалер ќе биде надвор од теренот неколку недели.

- Не знам точно колку тешка е повредата. Од искуство знам дека таквите повреди значат отсуство неколку недели, но се уште не сум зборувал со медицинскиот тим. Сепак ние имаме широк состав. Нема да плачеме од повреди. Ако Пол не игра, ги имаме Херера, Керик, Фелаини и Матиќ, изјави Мурињо. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Давитков: Без калкулации, одиме на победа

Натпреварот ќе се одигра в недела (25 февруари) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20.15 часот.

Торес може да заврши во Кина

Напаѓачот сепак нема желба да заигра во Кина и сака да остане во Мадрид барем до јуни, кога му истекува договорот.

Инсиње: Тренерот на Лајпциг ми праќаше бакнежи

Иако Наполи во Германија победи со 2:0, поради поразот од 3:1 од првиот натпревар остана без осминафинале во Лига Европа.

Срна доби 17-месечна суспензија

Фудбалерот на Шахтјор бил позитивен на допинг тестот направен по натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите на 22 март минатата година.

Ѓоковиќ го тужеше Рио, сега бразилските власти го тужат Ноле

Српскиот тенисер во 2016 година ги тужеше бразилските власти за долг од 650 илјади долари.

НАЈЧИТАНИ