• 22 септември 2017
  • Вести денес: 3
МИА15:25 13 септември 2017 ● Прочитано 386

Турското Министерство за здравство бара затворски казни за сурогат мајчинството, објави весникот „Хуриет Дејли Њуз“.

Институцијата работи на предлог за криминализирање на овој вид мајчинство и бара законски промени со кои ќе бидат воведени казни затвор од две до пет години.

Министерството ќе достави предлог за законска измена, со која треба да се забрани имплантирањето на оплодена јајце клетка со цел носење на плодот од страна на друга жена.

Предлогот забранува бременост во корист на друга жена и на таков начин да се добие дете. Исто така, како криминал се смета и посредувањето во тој процес и се забранува дарување, продажба, чување, пренесување, увоз и извоз на репродуктивни клетки и ембриони.

Турскиот Казнен кодекс врз основа на Законот за дарување органи предвидува пресуда од две до пет години затвор за луѓе кои чуваат органи и ткива, добиени по нелегален пат или за тие кои ги пренесуваат или трансплантираат.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Туск иницира зајакнување на улогата на ЕУ во Западен Балкан

Туск во своето писмо наведува и дека Унијата продолжува да се фокусира на миграцијата, безбедноста и економските и социјалните прашања.

Истанбулскиот аеродром „Ататурк“ затворен, се запали приватен авион ВИДЕО

Поради пожарот беа одложени сите летови на аеродромот „Ататурк“.

САД и Русија разменија информации за позициите на своите сили во Деир аз-Зур

Во реонот на Деир ез-Зур се водат борби меѓу сириските владини сили, потпомогнати од руски специјалци, и бунтовнички групи поддржани од САД.

Во централна БиХ откриена нова масовна гробница

Таа нагласи дека во гробницата биле пронајдени вкупно 137 парчиња од коски, вклучително и 86 черепи.

Парични казни за организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонската Влада го закажа референдумот за 1. октомври, но според официјален Мадрид тој е незаконски.

НАЈЧИТАНИ